Изложба на Весна Стефановска „Во длабоко и танцувајте“ | 4 – 23.09.2020

Vesna Stefanovska

Изложба на Весна Стефановска „Во длабоко и танцувајте“ | 4 – 23.09.2020

ИЗЛОЖБА НА ВЕСНА СТЕФАНОВСКА, ФРАНЦУСКО-МАКЕДОНСКА УМЕТНИЦА
„ВО ДЛАБОКО И ТАНЦУВАЈТЕ“

Отворање:
Петок 4 септември 2020, 20 часот, Музеј на Современа уметност Скопје

Изложбата е отворена од 4 до 23 септември 2020.

Весна Стефановска е француско-македонска уметница која во работата има динамичен пристап. Таа има завршено средно архитектонско училиште, потоа Факултет за ликовни уметности – Отсек за стилизам и скулптура, потоа Прашка школа за применета уметност и најпосле Институт за европски студии на Универзитетот во Париз.

Таа покажува страст кон литературата, модата, филмската уметност, геополитиката, астрофизиката и квантната физика. Се изразува на различни начини и тоа преку скулптура, фотографија, сликарство, дизајн, видео, ready-made, перформанси и просторни инсталации.

Нејзиното творештво е насочено кон искуството и крирањето на просторот. Нејзините скици се добри и во збор и во дизајн. Таа ги обработува и материјалните и нематеријалните работи како светлина, време, звук и си поигрува со нив според правилата што сама ги создава.

Според методологијата на еден истражувач таа истражува различни аспекти, мигови, размислувања, чувства, феномени и парадокси на некоја тема во еден еден одреден момент за да создаде едно или повеќе дела. Потоа запира за најпосле да се наврати кадешто застанала со новите сознанија, нови хипотези и нови достигнувања.

Како што самиот назив на изложбата ни најавува, Весна Стефановска ја обработува темата на идентитетот, присуството, просторот, времето и контекстот во нивна најширока смисла.

Овие феномени и нивните манифестации се поврзани преку релации, корелации и вектори на длабоко лично ниво над сите клишеа, убедувања и привиди. Таа истражува, создава и повторно го креира почувствуваното.

Изложбата во Музејот на современа уметност на град Скопје ќе биде делумно рестроспективна бидејќи авторката ќе ги претстави и делата кои се создадени и промовирани во Франција како и нови уметнички дела.

Ова е првпат некој париски уметник со потекло од Скопје да ги обедини своите француски и македонски и уметнички дела на едно место.

Не пропуштајте!