Педагошка обука BELC – Летен универзитет 2023 за професори во франкофонските билингвални паралелки во средни училишта кои го имаат добиено брендот за квалитет на билингвалната настава, LabelFrancEducation

Labelfranceeducatuonnantes

Педагошка обука BELC – Летен универзитет 2023 за професори во франкофонските билингвални паралелки во средни училишта кои го имаат добиено брендот за квалитет на билингвалната настава, LabelFrancEducation

Период: јули 2023, во Севр, Франција

Професори по француски јазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик, во франкофонските билингвални паралелки во средните училишта кои го имаат добиено брендот за квалитет на билингвалната настава, LabelFrancEducation, можат да се пријават за учество на педагошката обука BELC – Летен универзитет 2023.

Обуката ќе биде организирана на следниот начин:

  • 30 часа со физичко присуство во Севр, од 3 до 7 јули 2023
  • 15 часа онлајн, од 10 до 14 јули 2023.

Трошоците за обуката, сместувањето, исхраната и превозот ќе бидат преземени од страна на француското Министерство за Европа и надворешни работи и Францускиот институт во Скопје.

Начин на учество:

Испратете писмо за мотивација (1 стр.) заедно со биографија (CV) во формат Europass (https://www.cv.fr).

Двата документи треба да бидат испратени по електронска пошта на следната адреса: education@ifs.mk најдоцна до 14 април 2023.