Дебата: „Климатско затоплување на Балканот: каква преобразба за градовите?“ | 10.12.2021

Rechauffementclimatique2021 2

Дебата: „Климатско затоплување на Балканот: каква преобразба за градовите?“ | 10.12.2021

Петок 10 декември 2021, 18:00 – 20:00 часот | Француски институт во Скопје 

 

 

 

„Климатско затоплување на Балканот: каква преобразба за градовите?“

Северна Македонија, како и другите земји во светот, се судира со проблемот со климатското затоплување. Земјава ги има истите проблеми во областа на енергетиката, но и екпанзијата на главниот град. .

Имајќи предвид дека само радикална промена во областа на енергетските извори може да донесе трајно решение за проблемите со климатското зтаоплување и загадувањето, дебатата е одлична можност да земат збор француски експерти, претставници од локалните власти и од граѓанскиот сектор.

Дебатата е на тема енергетски текови во два главни града на Балканот со акцент на сретдствата за јавен транспорт и греењето. Поаѓајќи од неколку применети паметни решенија во некои од големите француски градови, кои ќе бидат претставени од г-ѓа Мишел Лари-Шарлис, поранешна Директорка за урбанизам во Град Бордо, и г-дин Жилијен Жубер, експерт во „Енерџи сити“, домашните учесници ќе направат пресек на актуелната состојба во различни домени.

Настанот се организира во соработка со асоцијацијата Биди Зелен, а со поддршка на Фондот д’Аламбер и Францускиот институт во Париз.

ПРОГРАМА:

18:00 ч. – 18:15 ч. Отворање на настанот од страна на Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје

Модераторка на дебатата: Г-ѓа Мила Јовановска, Претседателка на „Биди Зелен“.

18:15 ч. – 18h50 ч. – ПРВ ПАНЕЛ на тема проблеми со јавниот превоз :

 

  • Излагање на г-ѓа Мишел Лари-Шарлис за корисните решенија имплементирани во градот Бордо

 

  • Излагање на г-дин Никола Крстаноски, професор на Техничкиот факултет во Битола

 

18:50 ч. – 19:25 ч.ВТОР ПАНЕЛ на тема урбано греење :

 

  • Излагање на г-дин Жилијен Жубер од Energy Cities

 

  • Излагање на г-дин Стефан Бужаровски, професор на Универзитетот во Манчестер

 

19:25 ч. – 19:50ч. – Прашања од публика

19:50 ч. – Затворање на настанот