Предавања на Антоан Компањон во Скопје | 18-19.03.2020

Compagnon1

Предавања на Антоан Компањон во Скопје | 18-19.03.2020

Среда 18 март 2020, 18 ч. | Europe House Skopje

Предавање на Антоан Компањон „Едно лето со Бодлер“

Четврток 19 март 2020, 10ч.30 | Филолошки факултет во Скопје

Предавање на Антоан Компањон „Едно лето со Монтењ“

Антоан Компањон е еминентен француски интелектуалец, професор на универзитетот Париз 4, професор на престижната образовна устова Collège de France и на универзитетот Колумбија, историчар на француската книжевност, специјалист по структурализам и писател.

Роден е на 20 јули 1950, во Брисел, Белгија, како син на генералот Жан Компањон и на Жаклина Терленден. Се запишува на Високата политехничка школа, а подоцна станува доктор по книжевност. Тој е книжевен критичар и следбеник на структурализмот, чиј зачетник е Ролан Барт.

Денес е професор по француска книжевност на Универзитетот Париз-Сорбона (Париз 4) и на Универзитетот Колумбија во Њујорк, од март 2006 година наваму е член на Високиот совет за образование, а во април 2006 година, станува дел од престижниот Колеж де Франс.

Летото во 2012 година, тој започнува со редовна емисија на „Едно лето со Монтењ“ на радио France Inter, а текстовите ги читаше актерот Даниел Мекиш. Емисијата беше поттик за издавање на истоимената книга следното лето, која побуди огромен интерес кај читателската публика. Во 2013 година ја објавува „Едно лето со Пруст“, а во 2014 година следи „Едно лето со Бодлер“.

Францускиот институт во Скопје го помогна преводот на македонски јазик на три дела на Антоан Компањон; „Едно лето со Монтењ“, „Едно лето со Бодлер“, во соработка со издавачката куќа „Или-или“, како и преводот на делото „За што служи литературата?“, во соработка со издавачката куќа „Артконект“.

Со симултан превод.

Ве молиме да резервирате место на следниот е маил : culture@ifs.mk