Затворање на фестивалот ТАНЦ-ФЕСТ со танцовиот спектакл MYSELVES I 13.05.2025

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Затворање на фестивалот ТАНЦ-ФЕСТ со танцовиот спектакл MYSELVES I 13.05.2025

Вторник 13 мај 2025 | 20 ч. | Македонски народен театар

НЕДЕЛА НА ФРАНКОФОНСКИ ФИЛМ

Myselves I на танцовата група K-DANSE

Година на создавање: 2019 | Времетраење на настапот: 50 минути

Францускиот институт во Скопје и фестивалот Танц-фест ви ја прикажуваат “MYSELVES” на танцовата група K. DANSE !
Интерактивен кореографски спектакл кој го истражува дијалогот помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети отелотворени во визуелна и звучна креација.

Мајселвс е интерактивен танцов спектакл што го истражува внатрешниот дијалог на човекот низ движење, светлина и звук. Оваа танцова изведба ги вкрстува современиот танц и дигиталната уметност, прикажува интеракција меѓу изведувачот и неговите многубројни лица и трансформации, проектирани како автономно, подеднакво виртуелно и живо суштество. Со употрреба на на телесни и оптички сензори, оваа иновативна изведба ја кани публиката да ја истражи човековата психа, нудејќи единствено искуство кое ги спојува танцот и дигиталната уметност.

Со употреба на телесни и оптички сензори, оваа иновативна изведба ве внесува во единствено имерзивно искуство каде површините за проекција стануваат портали кон невидливото, откривајќи ја човековата психа.

Лесната и приспособлива сценографија овозможува изведба во различни простори (театарски сали, галерии, јавни места), создавајќи незаборавно доживување за публиката. Проекциските површини функционираат како симболични портали кои го откриваат невидливиот свет на човековата психа, каде виртуелните идентитети на изведувачот се појавуваат и исчезнуваат, создавајќи впечаток на привремено, недофатливо присуство.