Гаранција за квалитет

Гаранција за квалитет

 

Нашиот ангажман:

 

Информирање

– јасни и детални информации за нашата понуда на часови и сертификати, преку редовно ажурирана веб страна

– едноставни и брзи процедури за упис, формулар за пред-упис достапен онлајн

– редовно информирање преку социјалните мрежи

 

Прием

– персонал на ваше располагање за да ве пречека и ориентира

– чисти, оддржувани и функционални простории, сместени во центарот на градот

– училници опремени со модерен технолошки материјал (бели интерактивни табли)

– медијатека на располагање, со ресурси за учење на францускиот јазик

 

Педагогија

– часови по француски јазик според Заедничката европска референтна рамка за јазиците

– при запишување, тест за утврдување на нивото со цел да се запишете во група соодветна на вашето ниво и потреби

– групи со ограничен број на слушатели кои овозможуваат индивидуален пристап

– усогласена и следена педагошка пракса која овозможува следење на прогресот на секој слушател

– можност да се сертифицира нивото со меѓународно призната диплома, во испитни сесии одржувани во наши простории