21 Ное Предавање на тема книжевна критика со Арно Вивијан | 4.12.2026 | Филолошки факултет
Петок, 4.12.2026 | 12:00 | Филолошки факултет
Предавање на тема книжевна критика со реномираниот критичар Арно Вивијан
По серијата работилници посветени на книжевната критика, одржани со студентите на Филолошкиот факултет, Арно Вивјан ќе одржи предавање отворено за пошироката академска јавност.
Арно Вивјан е француски новинар, писател и книжевен критичар, познат, меѓу другото, по своите гостувања во емисијата Le Masque et la Plume на радио France Inter. Соработувал со неколку водечки француски културни медиуми и е автор на десетина книги, меѓу кои Cantique de la critique (2021) и Station Goncourt. 120 ans de prix littéraires (2023).
На оваа средба ќе се осврне на улогата и значењето на книжевната критика денес: како читаме, толкуваме и вреднуваме едно книжевно дело? Кое место им припаѓа на естетската проценка, субјективноста и аргументацијата?
Во време кога онлајн-препораките и социјалните мрежи го менуваат нашиот однос кон книгите, книжевната критика останува важен простор за дијалог, критичко расудување и дебата за книжевноста.


