13 Окт Повик за учество во креативен предизвик : Eurofusion, гастрономско патување I Краен рок : 30.10.2026
Заинтересираните училишта треба да испратат е-mail на education@ifs.mk, најдоцна до 30 октомври 2026 година
Кога гастрономијата зборува на различни јазици!
Aко сте дел (наставник/ученик) од средно стручно училиште со образовна програма од областа на угостителството и сакате да учествувате во проект кој ги поврзува кулинарството, јазиците и културната размена, Францускиот институт во Скопје ве поканува да се вклучите во проектот „Eurofusion – гастрономско патување“, чија цел е да обедини средни стручни училишта од повеќе земји во регионот околу единствен креативен предизвик:
создавање рецепт што спојува француски кулинарски специјалитет со традиционален специјалитет од локалната кујна.
🌍 Регионален проект што ги поврзува културите
Во проектот ќе учествуваат ученици од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Северна Македонија и Србија, кои ќе имаат можност да ја изразат својата креативност и кулинарски вештини.
Целта е секое училиште заедно со своите ученици да создаде оригинален рецепт, инспириран од француската и од локалната гастрономска традиција.
Преку проектот, учениците ќе запознаат различни кулинарски традиции, ќе соработуваат и ќе го користат францускиот јазик во конкретен, креативен и практичен контекст.
👩🍳 Што треба да подготват учениците ?
Со менторство од наставниците по угостителство и француски јазик, учениците ќе треба да создадат:
🍽️ Оригинален рецепт, (благ или солен), кој вклучува елементи од француски специјалитет и специјалитети од локалната кујна;
✨ Име на кулинарското оригинално дело ;
✍️ Краток текст од најмногу 250 збора кој ќе ја раскаже приказната за рецептот, инспирацијата и начинот на кој е настанат;
📖 Поимник со кулинарски термини или специфични културни поими, доколку е потребно.
Сите материјали треба да бидат подготвени на два јазика: француски и на локалниот/мајчин јазик.
Учениците имаат целосна слобода во осмислувањето на своите креации. Можат да спојат два традиционални рецепта или пак, во еден рецепт да комбинираат состојки, техники на подготовка, форми и визуелни елементи карактеристични за двете култури.
👩🏫 Соработка помеѓу наставниците
Проектот поттикнува соработка меѓу стручната настава и наставата по странски јазик.
На часовите по готвење, учениците ќе го осмислуваат и ќе го подготвуваат рецептот под менторство од наставникот.
На часовите по француски јазик, ќе работат на пишувањето на рецептот, придружниот текст и поимникот.
На овој начин, учениците ќе имаат можност да го применат францускиот јазик во вистински професионален контекст, низ практична активност.
🎯 Како и зошто да се пријавите ?
📖 Книга со рецепти од целиот регион
Рецептите создадени во шесте земји учеснички ќе бидат дел од илустрирана, повеќејазична книга со рецепти, која ќе биде објавена во дигитална и печатена верзија.
На овој начин, креативните дела на учениците ќе бидат претставени заедно со рецептите на нивните врсници од целиот регион.
Во рамките на Месецот на Франкофонијата, во март 2027 година, предвидена е и изложба посветена на проектот.
Дел од креациите ќе бидат претставени и преку видео-содржини на социјалните мрежи на проектот.
🎯 Зошто да учествувате ?
Преку овој проект, учениците ќе имаат можност да
– ја развиваат својата креативност и кулинарски вештини;
– ги истражуваат и промовираат француската и локалната гастрономска традиција;
-го користат францускиот јазик во автентични ситуации;
-ги унапредуваат вештините за усно и писмено изразување;
-работат тимски на конкретен и креативен проект;
-запознаваат други култури;
-промоција на ученичките творби;
📩 Како да учествувате ?
За почеток, потребно е само да го искажете вашиот интерес за учество.
Заинтересираните училишта треба да испратат е-mail на education@ifs.mk, најдоцна до 30 октомври 2026 година, со следниве информации:
- Име на училиштето;
- Име и контакт-податоци на наставникот координатор и на наставникот по француски јазик кој ќе биде вклучен во проектот;
- Образовна насока и број на клас што ќе учествува;
- Приближен број на ученици кои би можеле да се вклучат.
Во оваа почетна фаза не е потребно да подготвите или да испратите никакви материјали или рецепти, доволно е само да ни укажете на вашиот интерес,
По добивањето на пријавите за интерес, Францускиот институт ќе ги контактира заинтересираните училишта за да ги информира за следните чекори и деталите за реализација на проектот.
Придружете ни се!
Еден рецепт, две култури, повеќе јазици и едно гастрономско патување кое го поврзува регионот!
📅 Временска рамка
Септември 2026 – јануари 2027
Осмислување, подготовка и финализирање на рецептите со учениците.
Март 2027
Претставување на креациите во рамките на Месецот на франкофонијата.
Во текот на 2027 година
Објавување на книгата со рецепти и промоција на ученичките творби.

