Ексклузивен концерт на Тома Дитрон | 25.03.2020

Dutronc Siteweb

Ексклузивен концерт на Тома Дитрон | 25.03.2020

Среда 25 март 2020, 20 ч. | Студио FAMES

Ексклузивен концерт на Тома Дитрон по повод новиот албум « Frenchy »

Предгрупа на концертот: гитаристот Тони Китановски и Tcherkezi Orchestra.

Музичарот и пејач Тома Дитрон е роден на 16 јуни 1973 год во Париз, син на пејачката Франсоаз Арди и пејачот Жак Дитрон, Тој е, исто така, и композитор и актер.

Воден од страста за музиката на Џанго Рајнхарт, тој започнува да пее на пазар. започнува да свири гитара и да музицира џипси-џез.

Помеѓу концертните настапи, тој игра во филмови „Позади“ на Валери Лемерсие во 1999 год,, и „Исповед на еден мангуп“ на Ален Сорал во 2001 година. Тој пишува за Анри Салвадор (и албумот „Зимска градина“), пишува и филмска музика („Сите девојки се луди“ на Паскал Пузаду во 2003 година), за цртани филмови („Тројката од Белвил“ на Силвен Шоме во 2003 година).

Оттогаш наваму, кариерата на овој музичар е во подем.

Тој настапува во Скопје, а потоа во Софија, во рамките на неговата мини-турнеја на Балканот.  

Неговата песна « C’est si bon » со Дијана Крал и Иги Поп:

Дискографија

2007 : « Comme un manouche sans guitare »

2011 : « Silence on tourne, on tourne en rond », достапен е дискот во медијатеката на Францускиот институт во Скопје

2015 : « Éternels jusqu’à demain », достапен е дискот во медијатеката на Францускиот институт во Скопје

2018 : « Love is love », достапен е дискот во медијатеката на Францускиот институт во Скопје

Филмска музика

2005 : « Les Enfants » на Кристијан Венсан

2010 : « Les aventures extraordinaires d’Adèle Blanc-Sec » на Лик Бесон

2018 : « Amoureux de ma femme » на Даниел Отеј

Присуството на концертот на Тома Дитрон е на принцип на покана.

Концертот се организира во соработка со Studio FAMES, маркетинг агенцијата Publicis, хотелот Marriott Skopje и винаријата Stobi.