19 Апр Онлајн изложба „Париски сигнатури 2“ | март – април – мај 2020
Во рамките на изложбата се презентирани дела на неколку македонски сликари коишто биле реализирани за време на нивниот престој во Cité des arts во Париз.
По изложбата на дела на Глигор Чемерски, Илија Пенушлиски, Коле Манев и други значајни сликати, во март 2018 година, галеријата Акантус годинава, со поддршката на Францускиот институт во Скопје, ви предлага да погледнете нови дела од поновата генерација уметници, како оние на Тања Балаќ, Шкипе Мемети и други автори.
Изложбата е достапна онлајн преку редовни објави на Facebook страната на галеријата Акантус.