27 Фев Танцов спектакл « F_AI_LLE » – K.Danse | 10.03.2026
Скопје : Вторник 10 март 2026 | 20h | Македонски Народен театар
Битола: Петок 13 март 2026 | 20h | Народен театар Битола

тАНЦОВ СПЕКТАКЛ И ИНСТАЛАЦИЈА
Во рамките на Месецот на франкофонијата, Францускиот институт во Скопје во партнерство со Танц-Фест и Интерарт ви ја претставуваат танцовата група K.Danse која ќе учествува во серија активности кои обединуваат современ танц, дигитално творештво и иновативен пристап.
Создадена во 2024 година, танцовата претстава „F_AI_LLE“ претставува истовремено и интерактивна инсталација што го истражува дијалогот помеѓу човечкото тело и вештачката интелигенција. На сцената, воведниот танц ја иницијализира поставката: уред што ги фаќа движењата и ги интерпретира во живо преку вештачката интелигенција.
Колку повеќе движењата се отсечни, толку визуелниот приказ на телото во движење станува поедноставен и појасен . Обратно, индивидуалните и неочекуваните движења генерираат сложени визуелни и звучни форми, повикувајќи на слободно истражување на телото и изразувањето.
На крстосницата помеѓу танцот и дигиталните истражувања, ова дело ја преиспитува нашата врска со нормите, технологијата и креативноста. Претставата приредува чувствено искуство во кое се среќаваат две интелигенции: физичката-човекова и онаа на уредите.
Секој учесник станува ко-креатор и сведочи едно неповторливо дело што се менува во согласност со сопственото движење и односот кон вештачката интелигенција.
Во рамките на посетата на трупата предвидена е и програма на работилници од 9 до 13 март во неколку градови низ земјата — Скопје, Битола и Тетово — под водство на хореографот Жан-Марк Матос. Овие работилници, наменети за професионалци од областа на танцот, млади изведувачи и наставници по француски јазик, ги истражуваат врските помеѓу движењето, јазикот и педагошката иновација.
Овој проект, поддржан во рамките на програмата FEF „Дигитални уметности“, ја истакнува виталноста на современото франкофонско творештво и истовремено ги зајакнува уметничките соработки помеѓу Франција и Северна Македонија.


