
01 Сеп РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР: ПАТУВАМЕ СО ФРАНКОФОНИЈАТА
Краен рок за пријавување: 15 ноември 2025 година
Амбасадите и Француските институти од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Србија организираат регионален натпревар за ученици кои го изучуваат францускиот јазик.
Учесниците треба да изработат кратко видео на темата „Патуваме со Франкофонијата“
Селекцијата се врши на национално ниво, а победниците на натпреварот од секоја земја ќе учествуваат на јазична размена во Франција во текот на летото 2026 година.

ПАТУВАМЕ СО ФРАНКОФОНИЈАТА
На телевизија, на улица, во списанија, во рестораните или дома: француски зборови има насекаде, а понекогаш и таму каде најмалку ги очекуваме.
Тргнете во нивна потрага и создадете видео-приказна !
Секој учесник треба да изработи видео на француски јазик, во времетраење од 1 до 2 минути.
Репортажа, скеч, фикција, анимација, ТВ дневник… сите формати се дозволени, бидете креативни!
Критериуми за учество:
1. Да бидете запишани во државно средно училиште
2. Да имате најмалку А2 ниво на познавање француски јазик
3. Да имате најмалку 16 години во моментот на пријавувањето
Како да учествуваш:
1. Прв чекор: Направи видео!
Насловот на видеото треба да биде во следниов формат : mon pays_mon prénom_mon nom
2. Втор чекор : Постави го видеото на платформата WeTransfer за да добијам линк за преземање
3.Трет чекор: Го копирам WeTransfer линкот на и го додавам во формуларот означен подолу, најдоцна до 15 ноември 2025 година
4. Etape 4 : j’attends les résultats du concours en début d’année 2026
Критериуми за селекција:
Видеото ќе се оценува според:
1. Квалитетот на францускиот јазик
2. Почитувањето на фроматот и темата на натпреварот
3. Креативност и оригиналност
УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Сите пријави се индивидуални.
Секое лице што може да се идентификува на видеото треба да потпише потврда за согласност за користење на својот лик во видеото.
За повеќе информации, контактирајте на:
Mail : ifs.education74@gmail.com