
24 Јул Повик за учество на обука за наставници I Краен рок за пријавување 29 август

еднодневна обука за медиумска и информациска писменост
Ги поканувамепрофесорите по француски јазик, како и наставниците што предаваат други предмети независно од наставниот јазик, да се пријават на еднодневна обука за медиумска и информациска писменост, која ќе се одржи во октомври 2025 година во Скопје (точниот датум ќе биде утврден дополнително).
Обуката ќе опфати 4 интерактивни сесии со
– теорија
– практични вежби за примена
– алатки за справување со дезинформации и критичко размислување
користење на платформата TALMIL (реализирана во рамките на проектот Expressions balkaniques).
Подетални информации и агенда, може да најдете на следниот линк.
По завршување на обуката, сите учесници ќе добијат сертификати.
Обуката ќе се одвива на македонски јазик, а пријавувањето се врши на копчето подолу:
Краен рок за пријавување е 29 август