
14 Апр Џез концерт со Лоран Кулондр во Битола
Во рамките на фестивалот Џез Фактори Фестивал
Четврток 17 avril 2025 | 20 ч.| НУ Народен театар – Битола
Францускиот џез пијанист Лоран Кулондр, препознатлив по неговиот исклучителен талент, настапува на Џез фестивалот во Битола.
Кулондр е добитник на бројни награди, и настапува заедно со престижни музичари меѓу кои е и Стинг.
Со својот музичкиот проект насловен „Шизофренија”, остави впечаток во џез светот, а во 2020 година ја освојува наградата La victoire du jazz со албумот „Мишел во мислите”.
Концерт што не смеете да го пропуштите. За џез љубителите кои се во потрага по нови сензации.
Со поддршка на Францускиот институт во Скопје.
