20 Јан Мастер часови со Паскал Голоа | 17-21.02.2020
Понеделник 17 февруари до петок 21 февруари 2020
МБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје
Паскал Галоа е директор на Конзерваториумот „Моцарт“ во Париз, којшто започнува образовен проект со Музичко-балетското средно училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје, со поддршка на Елена Стојческа, флејтистка и професорка на Конзерваториумот „Моцарт“,
Наташа Еленова, професорка во МБУЦ, и на Францускиот институт во Скопје.
Паскал Голоа е плуридисципинарен уметник и вистински виртуоз на фагот, инструмент којшто некогаш се сметаше за таинствен и нескротлив, потоа, тој е солист, концертист и педагог, којшто денес се ориентира кон оркестрација, што е природен след на неговата музичка кариера и посветеност.
Тој во 2015 година го основа Музичкиот фестивал во Киберон, којшто ги соединува класичната и современата музика. Денес, во срцето на неговата мнузичка активност е диригирањето со цел продолжувцање на мисијата којашто тој си ја има зададено: да ја пренесе и издигне љубовта кон музиката и кон читањето на делата на современиците и класиците.