50 години Француски институт | Гала филмска вечер „Кан-Скопје“ со проекцијата на „Втор чин“ | 05.06.2024

Pozadina 2e Acte 2024 2

50 години Француски институт | Гала филмска вечер „Кан-Скопје“ со проекцијата на „Втор чин“ | 05.06.2024

Среда 5 јуни 2024, 20 часот | Кино „Синеплекс“ – Сити Мол  (датата и местото треба да се потврдат)

Гала француска филмска вечер „Кан – Скопје“

„Втор чин“

на Кантен Дипје, со Леа Сејду, Луј Гарел и Венсан Лендон, 2024  

Со поддршка на аптеките Зегин и винаријата Тиквеш

По повод одбележувањето на 50-годишнината, Францускиот институт во Скопје ви го прикажува филмот со којшто се отвора овогодишното издание на Канскиот филмски фестивал.  

*

Флоранс сака да го запознае Давид, човекот во којшто е лудо вљубена, со татко ѝ Гијом. Но на Давид не му се допаѓа Флоранс, па, сакајќи да се ослободи од неа, му ја препушта на другар му Вили. Четворицата се среќаваат во ресторан среде пустелија.