22 Мар Недела на франкофонски филм I 15.03.2024 – 22.03.2024
Сите филмови се со превод на македонски јазик.
За филмовите од нефранкофонското говорно подрачје обезбеден е и превод на француски јазик.
Резервации во Кинотека
тел.: 2 30 71 814 ; 02 30 65 968 ; 02 306 59 68 ; мејл : kinoteka@ukim.edu.mk
Недела на франкофонски филм во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на франкофонијата и со Кинотеката.
Оваа традиционална Недела на франкофонски филм ќе ви овозможи да ја откриете убавината на филмското творештво на франкофонските земји.
- Aмбасада на Франција
- Амбасада на Романија
- Амбасада на Белгија
- Амбасада на Швајцарија
- Амбасада на Албанија
- Амбасада на Грција
- Амбасада на Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар
- Кинотеката на Северна Македонија
Погледнете ја целосната програма подолу:
Петок 15 март 2024, 20 ч.
Официјално отворање со филмот
„Блех-музика” на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал (2019, 90 min.)
На почетокот на пролетта во 1970 година, во малото село Моншу, се случува невообичаена раздвиженост. И тоа не е поради правото на глас на жените, ниту пак поради претстојниот референдум за иселување на странците, туку нешто пострашно: селскиот оркестар имплодираше!
Половина од селаните велат Алојс е виновен, за останатите виновникот е Пјер. Ова соперништво ќе добие политичка, музичка и љубовна димензија.
–
21h 30 I Изложба „Париски цртан филм“ на Јана Манева Чупоска & Kоктел
Сабота 16 март 2024, 18 ч.
Проекција на бугарскиот филм „Бескрајна градина” на Галин Стоев (2017, 1h30)
Со превод и на француски јазик
Приказната го раскажува животот на Филип, којшто има сè што е му потребно: успешна кариера и убава девојка. Сепак, тој продолжува години по смртта на родителите да се грижи за неговиот чувствителен брат Виктор.
Цвеќарката Ема, пак, ќе изгради прекрасна градинарска минијатура во за една ноќ. Преку оваа градина, Филип открива нов свет што дотогаш му бил непознат.
Сабота 16 март 2024, 20 ч.
Проекција на романскиот филм „Слобода” на Тудор Џурџу (2023 1h49 )
Со превод и на француски јазик
Декември 1989. Романската револуција започнува во градот Сибиу, кое станува мeсто на страшни судири. И полицијата и војската лојални на Чаушеску се уапсени и собрани во празното корито во еден базен. Но, како може да се знае кој за кого е во еден таков хаос?
Понеделник 18 март 2024, 20 ч.
Проекција на албанскиот филм „Делегација” на Бујар Алимани, (2018. 1h17)
Со превод и на француски јазик
Приказната се одвива во Албанија во 1990 година, кога се се чини дека земјата се повеќе се движи кон демократизација, но комунистичкиот режим продолжува да биде на власт. Лео, учител и политички затвореник, го земаат од ќелијата и го носат на бербер. Без никакво објаснување, затворските чувари и службеници го стават во автомобил и го одведуваат. Малку по малку приказната раскажува дека не е егзекуција ниту трансфер. Непознати лица го носат Лео во главниот град Тирана за да сведочи во корист на властите пред претставник на европските политички институции, но помеѓу неговото пристигнување и средбата со странската делегација, сè ќе тргне наопаку.
Вторник 19 март 2024, 20 ч.
Проекција на македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот” на Теона Стругар Митевска (2022, 1h35 )
Kопродукција: Северна Македонија/ Белгија/ Словенија/ Хрватска/ Данска, со Јелена Кордик Курет, Аднан Омеровиќ
Со превод на француски јазик
Асја е 40 годишна самостојна жена која живее во Сараево. Таа го запознава Зоран, 43 годишен банкар на настан за состаноци. Но Зоран не е таму за да ја пронајде љубовта на неговиот живот, туку прошка. За време на војната во 1993, Зоран пукал врз градот од спротивната страна и сака да ја запознае неговата прва жртва. Сега, двајцата ќе треба повторно да ја преживуваат болката во нивната потрага по прошка.
Среда 20 март 2024, 20 ч.
Проекција на филмот „Дивертименто” на Мари-Кастиј Мантијон-Шар (2023, 1h55)
Фестивал Quinzaine des cinéastes сo Улаја Амамра, Лина Ел Араби и Ниелс Ареструп.
Уште од 17 години, Захија Циуани сонува да стане диригенткa. Неjзината сестра близначка, Фетума, е професионална виолончелистка. Обете биле близу до класичната музика уште од најраното детство, а денес имаат за цел да им ја приближат токму таа музика на сите жители, насекаде во светот.
Како би можеле да ги остварат овие амбиции во 1995 година, кога притоа се жени со алжирско потекло и доаѓаат од Сена-Сен Дени?
Изводливо е со одлучност, страст, храброст и, пред сè, извонреден план за формирање сопствен оркестар: „Дивертименто“.
Четврток 21 март 2024, 20 ч.
Проекција на белгискиот филм „Добронамерните” на режисерот Оливије Ранже (2022, 1h55)
По преселбата на најголемиот клиент, Мишел и Бландин гледаат како нивниот мал бизнис постепено тоне, а и нивниот персонал со нив. Додека тие се зафатени со идејата дека ќе изгубат буквално сé, па дури и домот и најблиските, одеденаш ќе добијат поддршка од Флоран, нивниот сметководител, и Бруно, еден од нивните работници. Заедно, четворицата ќе се обидат да најдат излез од ситуацијата.
Петок 22 март 2024, 20 ч.
Затворање на филмската недела со грчкиот филм „Ефтихија” на режисерот Ангелос Францис (2019, 2h03)
Со превод и на француски јазик
Филмот е инспириран од животот на една од најистакнатите грчки поетеси и текстописци, Ефтихија Папагинополу. Извонредна жена- уметник која создала голем број стихови на безвременски народни песни.
Придружено со изложба на дело од 30 метри во галеријата на Кинотека, на Јана Манева Чупоска, создадена во уметничката резиденција „La Cité des arts à Paris” .
Воедно, нејзини дела ќе бидат изложени и во излогот во Францускиот инстиут.