02 Фев Конкурс за учество на Меѓународната летна школа за изработка на документарни филмови и звук
Краен рок за достава на досиејата : 25 март 2024
Меѓународната летна школа за изработка на документарни филмови е нова меѓународна летна школа приложена од ENS Louis-Lumière, чие прво издание се одржа во 2021 година, наменета млади професионалци од целиот свет, креирана со поддршка на Министерството за Европа и Надворешни работи на Република Франција и соучесништвото на Radio France internationale (RFI).
Во 2024 година, како дел од 20-годишнината од фестивалот Festival Longueur d’Ondes и благодарение на Oлимписките игри што ќе се одржат во Париз, овогодинешното издание ќе се одржи во Брест (во Бретања, северозападна Франција) во соработка со Фестивалот „Longueur d’Ondes“ и Универзитетот во Западна Бретања. Програмата, исто така, вклучува средби и професионални посети со еминентни институции во доменот : RFI, Radio France, Arte Radio, Фестивалот « Longueur d’ondes », SCAM (dispositif « Brouillon d’un rêve ») и Францускиот Институт.
Обуката ќе се одржи на аглиски јазик, во периодот од 12 јули до 1 септември 2024 година и ќе прими 14 млади странски професионалци од аудиовизуелниот домен.
Сите кандидати треба да имаат искуство како автори (при блог, подкаст или креативен проект поврзан со звукот).
Победниците се избрани од страна на професионално француско жири од областа на на културните сектори на амбасадите на Франција.
За време на седумдневната интензивна обука, победниците ќе се го осознаат радио системот во Франција, кој е пионер на радио документарниот жанр.
Ќе ги научат основите на пишувањето и снимањето документарен филм и ќе бидат менторирани од режисер и инженер на звук во областа на документарниот филм.
Програмата е структурирана околу 3 компоненти:
- Теоретска и практична обука за пишувањето звук (од дизајн до уредување)
- Изведба на звучен документарен филм во парови
- Откривање на иницијативите при создавањето француски радио станици / подкасти во Бретања.
Првите три недели ќе бидат посветени на теоретска и практична обука и средби со професионалци во доменот. Четвртата и петтата недела ќе бидат посветени на снимањето, 6-тата на монтажа и седмата на соединување на елементите.
- Дидактичката компонента на програмата е создадена и предводена од Фредерик Пресман.
- Учесниците ќе бидат сместени во резиденцијата Campus France во Брест.
Крајниот рок за испраќање на кандидатурите е 25 март 2024 година на : culture@ifs.mk
Доколку кандидат од С. Македонија биде селектиран, му следува стипендија доделена од француската влада.