Отворање на Месецот на Франкофонијата – Гала филмска вечер „Со полно работно време“ | 3.03.2023

Pozadina A Plein Temps

Отворање на Месецот на Франкофонијата – Гала филмска вечер „Со полно работно време“ | 3.03.2023

Петок 3 март 2023 | 20 часот | Кино Милениум

Премиера на филмот „СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ“

на Ерик Гравел, со Лора Калами, Ан Суарез, Женевјев Мниш (2022, 1h25)

Филмот е добитник на две награди на Филмскиот фестивал во Венеција: награди за најдобар режисер и за најдобра актерка

4 номинации за наградите Цезар 2023: за најдобра актерка, најдобра музика, најдобро сценарио и најдобра монтажа

Ве молиме да резервирате бесплатни билети на следнава мејл адреса : culture@ifs.mk

Со поддршка на аптеките Zegin.

Со превод на македонски јазик

Жили е самохрана мајка, која се труди да балансира помеѓу издршката на двете деца со кои живее на село и да ја задржи работата во Париз. Кога конечно ќе биде повикана на интервју за работно место според нејзините амбиции, отпочнува општ штрајк којшто го блокира сообраќајот. Сета привидна рамнотежа на Жили се разнишува. Таа започнува луда трка во која шансите да успее се мали.

Француските медиуми за филмот:

Моќна социјална филмска фреска. (Cinéma Teaser)

Право во целта, филм помоќен од било каков говор. (La Croix)

Ерик Гравел го држи гледачот во неизвесност до крајот на нескротливата трка со времето, портретирајќи притоа една модерна „хероина“ наспроти незапирливиот ритам на секојдневието. (Télé 7 Jours)

*