Изложба „Париски рефлексии“ | 18.03 – 30.04.2022

Expo Macedoine France

Изложба „Париски рефлексии“ | 18.03 – 30.04.2022

Отворање
Петок 18 март 2022 година, 12:00 часот | Национална галерија Чифте амам

Во чест на празникот на Франкофонијата, Националната галерија, во соработка со Францускиот институт од Скопје, ќе претстави педесетина слики од великаните на македонското сликарство: Димитар Пандилов Аврамовски, Лена Стефановска, Томо Владимирски, Борко Лазески, Никола Мартиноски и Лазар Личеноски.

На публиката и љубителите на уметноста ќе се обратат директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими, амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер и министерската за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Париска школа е назив за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност.

Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20-от век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои, со цел да ги усовршат академските поуки стекнати во регионалните Универзитети и Академии за ликовни уметности.

На изложбата ќе бидат изложени дела од основоположниците на македонската современа уметност: Димитар Пандилов Аврамовски, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски и автори од втората и третата генерација македонски едуцирани уметници во дела се чувствува влијанието на Париз: Томо Владимирски, Борко Лазески и Лена Стефанова.

Во еден селектиран, а концизен концепт и презентација, ќе се претстават најрепрезентативните дела од колекцијата на Националната галерија на Северна Македонија, а воедно и ќе се даде пресек на самиот развој на модернизмот во македонската уметност од почетокот на 20-от век и преодот од фреско-живопис и иконопис, кон уметност на световни мотиви.

Некои од делата ќе бидат премиерно поставени на оваа изложба.

Дојдете да уживате во богатството на македонската сликарска уметност!


Изложбата ќе биде отворена до 30 април 2022 година.

Борко Лазески, „Сена“

Лазар Личеноски, „Пејзаж од Париз“