Француска вечер во рамките на фестивалот „Охридско лето“

17

Француска вечер во рамките на фестивалот „Охридско лето“

 Петок, 16 август 2024, 21 ч. I Црква „Св. Софија“ во Охрид

Рецитал на пијанистката Софија Вајан

500x500

Софија Вајан е пијанистка со долга и успешна кариера.

Откако, по едногласна одлука на жири-комисијата, се стекнува со диплома на Националниот музички конзерваториум, таа редовно настапува низ целиот свет, подеднакво со рецитали, како и со дела за камерна музика. Нејзината страст за камерна музика ја споделува со заеднички настапи со признати уметници, без притоа да ја занемари и соло кариерата.