Посети и работилници

Посети и работилници

462089441 926384846182323 2398502590114496100 N

Работилници во медијатеката

Медијатеката на Францускиот институт во Скопје е и место за работилници, средби и размени. Во текот на годината организираме предавања, дебати, проекции на документарни филмови, средби на најразлични тематики.

За учениците и студентите нудиме организирани посети на медијатеката во текот на кои тие преку актуелните теми се запознаваат со насловите, праваат пребарувања на содржините достапни во медијатеката и во во електронската библиотека, театарски активности, едукатвни и забавни игри.

Сите работилници во медијатеката се бесплатни освен тематски креативни работилници за деца од 30 до 10 години коишто се одвиваат во нашиот Мултимедијален центар за настава и се дел од нашата понуда за часови.

7e5a76ac 02d7 4485 A670 B4f9494ecf39

Работилници за виртуелна реалност

Од 2022 година медијатеката им нуди на своите посетители невообичаена прошетка по реката Сена и виртуелна обиколка на Париз во 360 ⁰ и неговите најпознати културно-историски споменици: Ајфеловата кула, Музејот Орсе, Операта Гарние, Општината, Црквата Свети Есташ, Богородичната црква…

Станува збор за серијата „Париз однатре“, во продукција на Forum des Images и TV5 Monde, достапна на платформата на Францускиот институ во Париз  IF Digital.

Доколку сте заинтересирани да учествувате во некоја од работилниците или да ја посетите нашата медијатека (групи на ученици и деца)  ве молиме да ни пишете на :

1НЕДЕЛА НА ФРАНКОФОНСКИ ФИЛМ

пОГЛЕДНЕТЕ ДЕЛ ОД ОДРЖАНИТЕ РАБОТИЛНИЦИ ВО УЧЕБНАТА 2024 – 2025

Работилници за запознавање со медијатеката

Посета од ОУ „Лазо Ангеловски“- Скопје

13.05.2025


Запознавање со активностите и ресурсите на медијатеката: книги на лесен француски, стрипови, романи за млади, списанија…

Посета од ОУ „Јоаким Крчовски“- К.Паланка

13.05.2025


Запознавање со медијатеката и литература за млади, списанија, работилница-квиз за Франција, за олимписките игри.

Посета од ОУ „Димитар Милединов“-Скопје

13.05.2025


Запознавање со активностите и ресурсите на медијатеката: книги на лесен француски, стрипови, романи за млади, списанија…

НЕДЕЛА НА ФРАНКОФОНСКИ ФИЛМ 3

Интерактивни работилници

Посета од Меѓунардоното училиште

„ILG School“- Приштина

06.11.2024


Запознавање со медиотеката и со колекцијата аудио-книги и книги на лесен француски јазик достапни на Culturethèque.

Screenshot 2025 05 29 162707

Посета од Меѓународното учуилиште „ЕФИС“ – Скопје

18.10.2024


Читачка работилница со приказната „Малото кафено мече ја сака есента” и запознавање со дигиталната книга во зголемена реалност „Несаканите“ од Магали Елемен

Screenshot 2025 05 29 163248

Посета од Meѓународното училиште „IPS Македонија “ – Скопје

08.10.2024


Читачка работилница со приказната „Камелеонот што не ги знаеше своите бои” од Мари-С. Лашанс со помош на апликацијата Alaska.

Screenshot 2025 05 29 164210

Филмска проекција со учениците од Меѓународното училиште „ЕФИС“-Скопје

29.03.2024


Придружени од директорот на EFIS г. Пјер Жименез и г-ѓа Ирен Кетоф, аташе за соработка при Амбасадата на Франција.

Проекција на документарниот филм „Жените играчи” од Стефани Жилард за фудбалерките од ФК Олимпик Лион и средба со Ива Прojковска, добитник на наградата за најдобра женска спортска судијка во 2022 година.

Screenshot 2025 05 30 134943

НЕДЕЛА НА ФРАНКОФОНСКИ ФИЛМ 1 2

Интерактивни работилници

Посета од „Раде Јовчевски Корчагин” – Скопје

19.11.2024


Виртуелна посета на Париз во 360° благодарение на VR опремата: Посета на Ајфеловата кула и прошетка на Сена во рамките на серијата „Париз зад кулисите” од Рафаел Богран, продуцирана од Forum des Images и TV5 Monde.

Посета од СЕПУГС „Васил Анетвски Дрен“

16.10.2024


Виртуелна прошетка низ Париз со VR ! Посета на Ајфеловата кула и прошетка по Сена во продукција на Forum des Images и TV5 Monde .

Посета од ОУ „Kрсте Мисирков“ Скопје

26.04.2024


Виртуелна посета на Музејот Орсе во 360° со VR опрема во рамките на серијата „Париз зад кулисите” од Рафаел Богран.