30 Јан Прво издание на наградата РОКСАН СТОЈАНОВ и отворање на Танц-Фест I 18.04.2026 I MНТ
Сабота 18 април 2026 I МНТ
финале на танцовиот натпревар „награда Роксан Стојанов“
На 18 април 2026 на сцената на Македонскиот Народен театар ќе се одржи финалето на
натпреварот „Награда Роксан Стојанов“, по што ќе следува танцова изведба на прима балерината Роксан Стојанов во знак на отворањето на фестивалот Танц Фест Скопје.
Кандидатите, кои беа избрани врз основа на поднесени видеа (максимум 2 минути), ќе се натпреваруваат на 18 април 2026 година, за шанса да освојат ексклузивен престој во Париз: балетски часови, состаноци и потопување во светот на танцот, под менторство на Роксан Стојанов
Организацијата на наградата е на Културниот центар ИНТЕРАРТ, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.
Уметнички директор на наградата Роксан Стојанов: Проф. Д-р Рисима Рисимкин
Генерален директор на наградата Роксан Стојанов: Матеа Мијановиќ
Роксан Стојанов- Ѕвезда на Париската Опера
Роксан Стојанов е исклучителна уметница, која својата танцова кариера ја
започнува во Скопје. Образованието го продолжува во различни европски школи,
пред да се вклучи во Школата на Париската опера, каде се истакнува со својот
талент и уметничка дисциплина.
Во декември 2024, таа е прогласена за Ѕвезда на Париската опера, а во април 2025 година ја доби наградата МЕНАДА, на 21-ото
издание на Фестивалот „ТАНЦ-ФЕСТ”, за нејзиниот особен придонес во областа на
танцот.
Низ целата своја кариера, Роксан Стојанов толкува дела од класичниот и
современиот репертоар на Париската опера, настапувајќи на меѓународни сцени
во Европа, Америка и Азија.

За натпреварот и националната награда:
На иницијатива на примабалерината и ѕвезда на Париската опера, Роксан Стојанов
се воспоставува награда РОКСАН СТОЈАНОВ за млади балетски уметници..
Добитникот на наградата ќе оствари еднонеделен престој во Париз, под
менторство на Роксан Стојанов, во кој ќе има балетски часови, посета на балетски
претстави, како и запознавање во главниот град.
Сакам да им дадам вистинска можност на младите балерини и балетани, да
– Роксан Стојанов.
веруваат во себе, да ги следат своите соништа и да откријат колку далеку
може да ги одведе страста. Танцот бара многу, но е и уметност на
споделување. На мојот пат имав среќа што многумина ме поддржаа и ме
инспирираа. Сега и јас сакам да пренесам нешто од тоа, да отворам врати и да
бидам поддршка за новата генерација таленти“

конкурсот „Роксан Стојанов“
краен рок за пријавување 31.12.2025
Конкурсот е наменет за млади танцови уметници од 16 до 20 години, државјани на
Република Северна Македонија.
Кандидатите треба да имаат најмалку 16, а најмногу 20 години на денот на
одржување на натпреварот (18ти Април 2026).
Сите апликанти кои не ги исполнуваат условите ќе бидат дисквалификувани.
Како да се пријавите на натпреварот :
Сите заинтересирани кандидати треба да аплицираат на следната форма или на
електронската адреса
contact@interart.com.mk,
најдоцна до 31 декември 2025 23:59
– Видео со танцова презентација по избор, во времетраење од максимум 2 минути
– Биографија и
– Мотивационо писмо
Прашања поврзани со апликацијата
Сите прашања може да се постават на следниот линк
или на електронската адреса contact@interart.com.mk.
Организацијата на наградата е на Културниот центар ИНТЕРАРТ, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.
Уметнички директор на наградата Роксан Стојанов: Проф. Д-р Рисима Рисимкин
Генерален директор на наградата Роксан Стојанов: Матеа Мијановиќ

