Онлајн научна конференција „Историја, сеќавање и книжевност“ | 30.10.2020

Colloquegrandeguerre2020

Онлајн научна конференција „Историја, сеќавање и книжевност“ | 30.10.2020

Францускиот институт во Скопје, со поддршка на АЛДА и Француската алијанса во Битола, организираат еднодневна научна конференција на тема „Историја, сеќавање и книжевност“ на следните тематики: последиците од Првата светска војна врз општествата во Франција, Германија и на Балканот, процесот на помирување и воспоставување мир во 20-те години на минатиот век и присутноста на оваа војна во книжевноста.

Во вториот дел од оваа конференцијата, присутните експерти ќе имаат излагања на тема помирување во современ контекст.

Конференцијата ќе биде проследена со изложба на фотографии насловена „Фронтот во Првата светска војна во минатото и денес“ на авторите г-дин Емануел Рембер и г-дин Александар Стојчев.

Г-дин Емануел Рембер, модератор на научната конференција, ќе биде присутен во просториите на Europe House Skopje при Делегацијата на ЕУ. Заинтересираните лица за следење на настанот ќе добијат линк на Zoom преку кој ќе можат да се вклучат на конференцијата.

Учесници:

  • Г-ѓа Ана Димишковска, Професорка на Филозофскиот факултет во Скопје
  • Г-дин Далибор Јовановски, Шеф на Катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје
  • Г-дин Емануел Рембер, Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и Директор на Францускиот институт во Скопје   
  • Г-дин Александар Стојчев, директор на Воениот музеј
  • Г-дин Петар Тодоров, историчар во Институтот за национална историја
  • Г-дин Горан Илиќ, Декан на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“
  • Г-ѓа Елена Тиловска-Кечеги, Продекан за настава на Правниот факултет во Битола
  • Г-дин Иљо Трајковски, професор по историја во гимназијата во Битола

Преземете ја целосната програма на настанот.

Регистрирајте се на следниот мејл culture@ifs.mk за да добиете линк на Zoom за да ја следите конференцијата онлајн.

Научната конференција на социјалните мрежи: #FO2020

Со поддршка на АЛДА и Europe House Skopje при Делегацијата на ЕУ.

Во соработка со Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.