Месец на франкофонијата 2025 во медијатеката на Францускиот институт во Скопје

Qqqpozadini Za Sajt I Fb Cover

Месец на франкофонијата 2025 во медијатеката на Францускиот институт во Скопје

Во рамките на Месецот на франкофонијата 2025, нашата медијатеката на ви претставува серија активности посветени на на Франција, францускиот јазик и културното наследство.

Медијатеката на Францускиот институт во Скопје подготви специјална програма во знак на месецот на Франкофонијата наменета за широка публика.

Оваа серија активности има за цел да понуди уникатно искуство за сите возрасти и нивоа на познавање на францускиот јазик.

Патување во Франција со виртуелна реалност во 360°

Секој четврток од 16 à 18 ч. во Француски институт во Скопје

Нурнете се во срцето на француската историја и културното наследство преку програмот„Париз, зад кулисите”, продуцирана од Forum des Images и TV5 monde.

Разгледајте ги најпознатите знаменитости во 360° од нова перспектива: Музејот Орсејот, Ајфеловата кула, реката Сена, Операта Гарние, L’Hôtel de Ville и црквата Сен-Есташ.

Посети и ателјеа во медијатеката

Оранизирани групни посети на медијатеката, наменети за учениците и професорите по француски јазик, преку разни активности: работилници за цртање и читање со пеограмите за зголемена реалност за најмладите ученици, работилници за креирање стрипови, виртуелни тури низ француските музеи, проекции на кратки документарни филмови, работилници за конверзација…

За да учествувате, контактирајте нѐ на

или на телефон на 02/3104-761 и 02 3118 503.

Погледнете ги новитетите во медијатеката зима/пролет 2025

Дојдете и погледнете ги нашите најнови нарачки: романи, стрипови, книги прилагодени на нивото на познавање на францускиот јазик, детска литература, прирачници за учење француски јазик и материјали за подготовка за испитите ДЕЛФ/ДАЛФ.

Новите наслови се достапни во онлајн каталогот на медијатеката: