02 Фев Концерт „Златните раце на Давид Фре“ | 27.02.2020
Четврток 27 февруари 2020, 20:00 ч. | Концерт на Филхармонија на Северна Македонија
Диригент: Конрад Ван Халфен
Солист: Давид Фре (пијано)
Програма: Шопен, Шуман
Давид Фре потекнува од музичко семејство, а пијано изучува од 4-годишна возраст, како и сите членови пред него. Овој млад француски уметник бргу успева да ја прифати германската култура и класична музика. Природно започнува со музичка кариера и особено се интрересира за германските композитори, со посебен интерес за големиот Јохан-Себастијан Бах.
Има само 14-години, кога Конзерваториумот во Тарб го одликува со три медали, едниот за пијано, другиот за камерна музика и последниот за успехот во музичкото образование. Веднаш се запишува на Музичкиот Конзерваториум во Париз во 1999 година, а студира во класата на Жак Рувие.
Давид Фре има настапувано на најпрестижните француски музички сцени, особено во Сите де ла Музик во Париз, во театарот Могадор и во Алти, Кјото. Настапувал и на најголемите фестивали на класична музика, особено на Фестивалот де Ла-Роке д’Антерон, Фестивалот Антркасто или на Фестивалот во Нант.
Овој врвен пијанист има настапувано со најпрестижните музички состави, како Националниот оркестар на Тулуз, Француската филхармонија и Филхармонијата на Монтреал.
Билети за концертот се набавуваат во Филхармонија на Северна Македонија.