10 Јан Документарецот „Си беше еднаш една шума“ по повод одбележување на Елисејскиот договор
Одбележување на Елисејскиот договор и
француско-германското пријателство со прикажувањето на документарниот филм
„Си беше еднаш една шума“ од Лик Жаке (2013)
Четврток 23 јануари 2020 година, 19:00 ч. | Кинотека на Северна Македонија
Амбасадите на Франција и Германија, секоја година го одбележуваат Елисејскиот договор и меѓусебното пријателство.
Годинава, овој настан ќе биде одбележан со проекција на прекрасниот документарец на Лик Жаке, којшто раскажува за шумите и е глас за поддршка на борбата против глобалното затоплување.
Не пропуштајте го!
За прв пат, тропска шума ќе се роди пред наши очи. Од првиот раст до цветањето на џиновските дрвја, од крошна до поврзувањето на растенијата и животните, пред нашите очи ќе поминат не помалку од седум века. Лук Жаке со години ја снима природата со цел да го воодушеви гледачот преку приказ на единствена и возбудлива приказна. Неговата средба со ботаничарот Франсис Але е во основата на овој филм, којшто говори за природното наследство и богатства со шуми во тропските предели, коишто додаваат поетика и волшебна магија на овој филм. „Си беше еднаш една шума“ е единствена можност да се нурнете во овој див свет, останат во својата првобитна состојба, и е во совршена рамнотежа бидејќи секој организам – од најмал до најголем – е поврзан другите и игра суштинска улога.