
13 Фев Во март ја славиме културната разновидност во училиштата
Во март ја славиме културната разновидност во училиштата и ви приредуваме серија активности и настани со триесетина училишта и во присуство учество на Амбасадорите од франкофонските земји,

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РОМАНОТ „ЗЕМЈАТА НА СИРЕЊЕТО“ ОД АВТОРКАТА ФЕЛИЧА МИХАЛИ
Отворање на 8. издание на манифестацијата
„Денови на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје“
Вторник, 4 март 2025 I 12h00 I во холот на Филолошкиот факултет
Франкофонска книжевна кафе=средба чија примарна цел е промоција на франкофонската литература и љубовта кон пишаниот збор.
Програма:
- Обраќање на д-р Владимир МАРТИНОВСКИ, декан на Филолошкиот факултет
- Отворање на манифестацијата Денови на Франкофонијата – д-р Јоана ХАЏИ-ЛЕГА ХРИСТОСКА, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности (на македонски и на француски јазик)
- Поздравно обраќање на Н.Е. Моника АКСИНТЕ, амбасадор на Романија
- Претставување на авторката од страна на д-р Николае СТАНЧУ, лектор по романски јазик (на француски јазик)
- Излагање на авторката Фелича МИХАЛИ (на француски јазик)
- Обраќање на д-р Петар АТАНАСОВ, еден од преведувачите на романот
- Обраќање на претставник на издавачката куќа „Култура“ (на македонски јазик)
- Разговор меѓу авторката и ученици од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино и изложба на ликовни творби инспирирани од романот на ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ (наставници Елизабета ТРПКОВСКА и Драган ТРПКОВСКИ)
- Мал коктел обезбеден од Амбасадата на Романија
Модератор: Јоана Хаџи-Лега Христоска
Во организација на Филолошкиот факултет во Скопје и во присуство на Амбасадорката на Романија, Н.Е. г-ѓа Моника Аксинте, Фелиција Михали, романска пистаелка и со учество на учениците од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ (професор Драган Трпковски) и учениците од средното училиште „Гоце Делчев“ (професор Елизабета Трпковска).


настанот е одложен:
Франкофонско рели
Франкофонски „рели“ во Градскиот парк во Куманово, забавен начин да се научи нешто повеќе за Франкофонијата преку интерактивна игра
На репертоарот:
- Патека во паркот на градот , чии „станици“ се франкофоснки земји
- По една загатка ина секоја станица: гатанки, јазични игри, уметнички предизвици...
- Победничката екипа ќе добие вредни награди!
Во присуство на Градоначалникот на Куманово и г. Емануел Самсон, директор на КРЕФЕКО, а учествуваат: 1 училиште во кое се спроведува програмата „вовед во францускиот јазик“, 3 училишта во кои се спроведува подигнување на свеста за францускиот јазик и 1 франкофонска билингвална паралелка .

Ден на франкофонските култури
Настанот е одложен за петок, 28 март
Петок, 28 март 2025 I 11 ч.I Парк на Франкофонијата во Скопје
Ден на франкофонските култури во Паркот на франкофонијата, со цел спознавање на културната разновидност на франкофонските земји на интересен и забавен начин: секое училиште претставува една франкофонска земја.
Активности:
- Интерактивни штандови: музика, гастрономија, традиционални носии, културни анегдоти
- Франкофонски квиз за учесниците
Во присуство на Градоначалникот на Центар, Амбасадорите на земјите кои истовремено се членки на OIF и имаат се пристуни со амбасада во Северна Македонија : Бугарија, Франција, Грција, Романија, Kанада, Белгија и Швајцарија и учество на 8 основни училишта од општина Центар : ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Koле Неделковски“, ООУ „Гоце Делчев“,ООУ „11 Октомври“, ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Киро Глигоров“.
Програма на настанот:



Да ја истражиме Швајцарија: тура низ кантоните полна изненадувања!
Понеделник, 24 март 2025 I 10h00 I во училиштето Фаик Коница – *Доброште
Да ја спознаеме Швајцарија, на интерактивен начин
Цел: Овој образовен и културен настан ги поканува учениците од неколку училишта да ја откријат Швајцарија на интерактивен начин.
Секое училиште ќе претстави по еден кантон преку кратки драмски сцени, повеќејазични дијалози, квизови и забавни демонстрации.
Целта е да се подигне свеста на учениците за јазичната и културната разновидност на Швајцарија, истовремено поттикнувајќи ја практичната употреба на францускиот јазик.
Во присуство на Амбасадорката на Швајцарија Н.Е г-ѓа Вероник Улман и Градоначалникот на Teарце

МУРАЛ НА ФРАНКОФОНИЈАТА
Среда, 26 март 2025 I 12h00 I Широк Сокак, Битола
Создавање голем мурал кој ги претставува вредностите на франкофонијата (разновидност, солидарност, споделување), изработена со различни техники: сликарство, колаж, цртежи инспирирани од различните франкофонски култури. Педагошката цел на оваа креација е да се поттикне креативното изразување на учениците бидувајќи вклучени во тимска работа.
Во присуство на Градоначалникот на Битола, Амбасадата на Грција и почесниот конзул на Франција во Битола . Учестувват 5 основни училишта во кои се спроведува подигнување на свеста за францускиот јазик и 1 франкофонска билингвална паралелка во Битола.

Франкофонијата на сцена
Вторник, 31 март 2025 I 12h00 I СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“
Забавна манифестација во знак на затворање на месецот на Франкофонијата, наменета за секоја публика.
На репертоарот:
- Театар, песни и традиционални танци
- Заеднички перформанс
- Доделување награди
Во присуство на Градоначалничката на Скопје, Амбасадорот на Франција, Н.Е. г, Кристоф ле Риголер, г-ѓа Јадранка Чаушевска-Димов, поранешна Амбасадорка во Франција, и учеството на 3 франкофонски билингвални паралаелки од Скопје.