
28 Апр Регионален летен универзитет во Струга | 26 – 30 јуни 2023
Годинава, Францускиот институт во Скопје го организира 24. издание на Летниот регионален универзитет во Струга, којшто претставува една прекрасна традиционална средба и значајна обука на професорите по француски јазик.
Главни цели на обуката, којашто е отворена за професорите од земјите во поширокиот регион (Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Словенија, Турција, Романија и Унгарија), се: истакнување на видливоста на францускиот јазик, зајакнување на неговото место во образовните системи на земјите на учесниците, создавање на вистинска кохезија меѓу учесниците, како и остварување богати меѓусебни размени на професионални искуства меѓу професорите по француски и професорите кои предаваат нејазични дисциплини на француски јазик од Југоисточна Европа.
За да се информирате повеќе околу програмата на обуката и предлог модулите, кликнете тука.
За да бидат дел од Универзитетот, професорите треба да го пополнат и да го испратат онлајн формуларот најдоцна до 31 мај 2023.
Следете ги активностите на Летниот универзитет во Струга преку следниот хаштаг: #UniDEte2023
