06 Апр Прво издание на наградата РОКСАН СТОЈАНОВ и отворање на Танц-Фест I 18.04.2026 I MНТ
Сабота 18 април 2026 I МНТ
финале на танцовиот натпревар „награда Роксан Стојанов“
Францускиот институт во Скопје и „Танц фест”, по повод отворањето на 22. издание на „Танц фест” и воспоставувањето на првото издание на наградата „Роксан Стојанов“, oрганизираат ексклузивна гала вечер со настапот на Ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, во сабота, 18 април 2026, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.
Натпреварот за наградата „Роксан Стојанов“, со учество на сите 13 учесници, ќе одржи истиот ден, в сабота 18 април, претпладнето, во МНТ.
Жири-комисијата за наградата „Роксан Стојанов“ е во следен состав: г-ѓа Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера, г-дин Антонио Конфорти, солист на Париската опера, г-ѓа Сандра Мијалкова, примабалерина на НОБ, Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција, и проф. д-р Рисима Рисимкин, кореографка и уметнички директор на натпреварот.
Од сите 13 учесници, ќе биде направен потесен избор од најдобри пет финалисти, коишто ќе настапат на гала вечерта во МНТ и ќе се натпреваруваат за еднонеделен професионален престој во Париз, во месец јули 2026, под менторство на Роксан Стојанов.
Натпреварот е под покровителство на Претседателката на Републиката, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова.
Програма на гала вечерта:
– Финале на Националниот натпревар „Роксан Стојанов” со настап на петте финалисти
– „Кралство на сенките” (3-ти чин од „Бајадерка”) — Балетски оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј”, музика: Лео Минкус, кореографија: М. Петипа
– „Богородичната црква во Париз” — фрагмент, кореографија: Роланд Пети, музика: Морис Жар; изведуваат Роксан Стојанов и Антонио Конфорти
– Прогласување на победниците на Националниот натпревар „Роксан Стојанов“.
Организацијата на наградата е на Културниот центар ИНТЕРАРТ, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.
Уметнички директор на наградата Роксан Стојанов: Проф. Д-р Рисима Рисимкин
Генерален директор на наградата Роксан Стојанов: Матеа Мијановиќ
Роксан Стојанов- Ѕвезда на Париската Опера
Роксан Стојанов е исклучителна уметница, која својата танцова кариера ја
започнува во Скопје. Образованието го продолжува во различни европски школи,
пред да се вклучи во Школата на Париската опера, каде се истакнува со својот
талент и уметничка дисциплина.
Во декември 2024, таа е прогласена за Ѕвезда на Париската опера, а во април 2025 година ја доби наградата МЕНАДА, на 21-ото
издание на Фестивалот „ТАНЦ-ФЕСТ”, за нејзиниот особен придонес во областа на
танцот.
Низ целата своја кариера, Роксан Стојанов толкува дела од класичниот и
современиот репертоар на Париската опера, настапувајќи на меѓународни сцени
во Европа, Америка и Азија.

За натпреварот и националната награда:
На иницијатива на примабалерината и ѕвезда на Париската опера, Роксан Стојанов
се воспоставува награда РОКСАН СТОЈАНОВ за млади балетски уметници..
Добитникот на наградата ќе оствари еднонеделен престој во Париз, под
менторство на Роксан Стојанов, во кој ќе има балетски часови, посета на балетски
претстави, како и запознавање во главниот град.
Сакам да им дадам вистинска можност на младите балерини и балетани, да
– Роксан Стојанов.
веруваат во себе, да ги следат своите соништа и да откријат колку далеку
може да ги одведе страста. Танцот бара многу, но е и уметност на
споделување. На мојот пат имав среќа што многумина ме поддржаа и ме
инспирираа. Сега и јас сакам да пренесам нешто од тоа, да отворам врати и да
бидам поддршка за новата генерација таленти“

конкурсот „Роксан Стојанов“
краен рок за пријавување 31.12.2025
Конкурсот е наменет за млади танцови уметници од 16 до 20 години, државјани на
Република Северна Македонија.
Кандидатите треба да имаат најмалку 16, а најмногу 20 години на денот на
одржување на натпреварот (18ти Април 2026).
Сите апликанти кои не ги исполнуваат условите ќе бидат дисквалификувани.
Како да се пријавите на натпреварот :
Сите заинтересирани кандидати треба да аплицираат на следната форма или на
електронската адреса
contact@interart.com.mk,
најдоцна до 31 декември 2025 23:59
– Видео со танцова презентација по избор, во времетраење од максимум 2 минути
– Биографија и
– Мотивационо писмо
Прашања поврзани со апликацијата
Сите прашања може да се постават на следниот линк
или на електронската адреса contact@interart.com.mk.
Организацијата на наградата е на Културниот центар ИНТЕРАРТ, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.
Уметнички директор на наградата Роксан Стојанов: Проф. Д-р Рисима Рисимкин
Генерален директор на наградата Роксан Стојанов: Матеа Мијановиќ

