
18 Фев Креативни работилници за деца и млади (3 – 10 години) | Изработуваме стрип | 3.06.2023
Креативните работилници, освен што се место за креативно изразување, тие се и можност за употреба или запознавање со францускиот јазик на забавен начин.
Работилниците се отворени една сабота во месецот, за деца со или без познавања од францускиот јазик, за деца од 3 до 10 години.
КАЛЕНДАР НА КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
11:00 ч. – 12:30 ч. | Мултимедијален центар за настава на Францускиот институт во Скопје (ул. Максим Горки, бр. 18)
Сабота 1 октомври 2022 | ШТО НИ ВЕЛИ ПРИРОДАТА?
Со помош на природни материјали (лисја, шишарки, гранки), ќе создадеме оригинално уметничко дело низ креативноста на децата.
–
Сабота 6 ноември 2022 | ОРИГАМИ, УМЕТНОСТА НА ПРЕВИТКАНА ХАРТИЈА
Децата ја обожаваат оваа стара уметност! Ќе правиме најразлични предмети преку техниката оригами и ќе и’ дадеме нов живот на хартијата.
–
Сабота 3 декември 2022 | БОЖИЌНИ РАЧНИ ИЗРАБОТКИ
Децата ќе изработат честитки и декорации за новогодишна елка и ќе си ги понесат дома.
–
Сабота 4 февруари 2023 | НАУКА И ЕКСПЕРИМЕНТИ
Го откриваме светот околу нас преку екперименти и квизови.
–
Сабота 4 март 2023 | МОНА ЛИЗА НА ПОИНАКОВ НАЧИН
Децата ќе се запознаат со музејот Лувр преку уметничкото дело Мона Лиза. Потоа ќе изработат сопствени уметнички дела инспирирани од ова најпознато дело на Леонардо да Винчи.
–
Сабота 1 април 2023 | ДРУШТВЕНИ ИГРИ НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК
Учиме француски низ забава и преку друштвени игри.
–
Сабота 6 мај 2023 | 3Д ПОСЕТА НА ПАРИЗ
Им предлагаме на децата супер 3Д туристичка тура низ Париз преку запознавање на извонредни историски културно-историски споменици, како Ајфеловата кула, но и запознавање со француската култура, гастрономија, филм, мода.
–
Сабота 3 јуни 2023 | ИЗРАБОТУВАМЕ СТРИП
Се запознаваме со ликовите во француските стрипови и изработка на сопствен стрип. .
–
Уписите се вршат во Францускиот институт во Скопје, а работилниците се одвиваат во Мултимедијалниот центар за настава на Францускиот институт.
–
Редовна цена: 350 ден. | Цена за ученик во Институтот: 300 ден.
