Доделување „Златен венец“ на францускиот поет Жан Пјер-Симеон

19

Доделување „Златен венец“ на францускиот поет Жан Пјер-Симеон

24 август 2024 I Црква Св. Софија во Охрид.

Во рамките на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ I четврток 22 август – понеделник 26 август 2024 I Хотел „Дрим“ во Струга

Simeon©dr 683x1024 1

Оваа година традиционалните „Струшки вечери на поезијата“ го доделуваат „Златниот венец“ на францускиот поет Жан-Пјер Симеон.

Жан-Пјер Симеон е поет и драматург. Дипломирал на отсекот за современа литература, а потоа предава на Националниот институт за едукација во Клермон-Феран.

Дел е од редакциите на неколку списанија. Пишува романи, детски книги, драми и театарски есеи. Шеснаесет години е уметнички директор на манифестацијата „Поетска пролет“ а од јануари 2018 година и на изборот за поетски колекции на „Галимар“.