Во март ја славиме културната разновидност во училиштата

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Во март ја славиме културната разновидност во училиштата

Во март ја славиме културната разновидност во училиштата и ви приредуваме серија активности и настани со триесетина училишта и во присуство учество на Амбасадорите од франкофонските земји,

10

фРАНКОФОНСКА КНИЖЕВНА КАФЕ-СРЕДБА

Вторник, 4 март 2025 I 12h00 I во холот на Филолошкиот факултет

Франкофонска книжевна кафе=средба чија примарна цел е промоција на франкофонската литература и љубовта кон пишаниот збор.

На репертоарот:

  • Книжевна дебата за делата на франкофонските автори

  • Изразно читање извадоци од франкофонски дела

  • Работилница за групно пишување песна или приказна

Во организација на Филолошкиот факултет во Скопје и во присуство на Амбасадорката на Романија, Н.Е. г-ѓа Моника Аксинте, Фелиција Михали, романска пистаелка и со учество на ученици од франкофонските билингвални пралаелки од Скопје и две средни училишта од Неготино.

481017666 934193992220916 8093076326864368612 N

12

настанот е одложен:

Франкофонско рели

Франкофонски „рели“ во Градскиот парк во Куманово, забавен начин да се научи нешто повеќе за Франкофонијата преку интерактивна игра

На репертоарот:

  • Патека во паркот на градот , чии „станици“ се франкофоснки земји
  • По една загатка ина секоја станица: гатанки, јазични игри, уметнички предизвици...
  • Победничката екипа ќе добие вредни награди!

Во присуство на Градоначалникот на Куманово и г. Емануел Самсон, директор на КРЕФЕКО, а учествуваат: 1 училиште во кое се спроведува програмата „вовед во францускиот јазик“, 3 училишта во кои се спроведува подигнување на свеста за францускиот јазик и 1 франкофонска билингвална паралелка .

11

Ден на франкофонските култури

Настанот е одложен за петок, 28 март

Петок, 28 март 2025 I 11 ч.I Парк на Франкофонијата во Скопје

Ден на франкофонските култури во Паркот на франкофонијата, со цел спознавање на културната разновидност на франкофонските земји на интересен и забавен начин: секое училиште претставува една франкофонска земја.

Активности:

  • Интерактивни штандови: музика, гастрономија, традиционални носии, културни анегдоти
  • Франкофонски квиз за учесниците

Во присуство на Градоначалникот на Центар, Амбасадорите на земјите кои истовремено се членки на OIF и имаат се пристуни со амбасада во Северна Македонија : Бугарија, Франција, Грција, Романија, Kанада, Белгија и Швајцарија и учество на 8 основни училишта од општина Центар : ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Koле Неделковски“, ООУ „Гоце Делчев“,ООУ „11 Октомври“, ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Киро Глигоров“.

Програма на настанот:

Design Sans Titre 2

Да ја истражиме Швајцарија: тура низ кантоните полна изненадувања!

Понеделник, 24 март 2025 I 10h00 I во училиштето Фаик Коница – *Доброште

Да ја спознаеме Швајцарија, на интерактивен начин

Цел: Овој образовен и културен настан ги поканува учениците од неколку училишта да ја откријат Швајцарија на интерактивен начин.

Секое училиште ќе претстави по еден кантон преку кратки драмски сцени, повеќејазични дијалози, квизови и забавни демонстрации.

Целта е да се подигне свеста на учениците за јазичната и културната разновидност на Швајцарија, истовремено поттикнувајќи ја практичната употреба на францускиот јазик.

Во присуство на Амбасадорката на Швајцарија Н.Е г-ѓа Вероник Улман и Градоначалникот на Teарце

13

МУРАЛ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

Среда, 26 март 2025 I 12h00 I Широк Сокак, Битола

Создавање голем мурал кој ги претставува вредностите на франкофонијата (разновидност, солидарност, споделување), изработена со различни техники: сликарство, колаж, цртежи инспирирани од различните франкофонски култури. Педагошката цел на оваа креација е да се поттикне креативното изразување на учениците бидувајќи вклучени во тимска работа.

Во присуство на Градоначалникот на Битола, Амбасадата на Грција и почесниот конзул на Франција во Битола . Учестувват 5 основни училишта во кои се спроведува подигнување на свеста за францускиот јазик и 1 франкофонска билингвална паралелка во Битола.

14 2

Франкофонијата на сцена

Вторник, 31 март 2025 I 12h00 I СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“

Забавна манифестација во знак на затворање на месецот на Франкофонијата, наменета за секоја публика.

На репертоарот:

  • Театар, песни и традиционални танци
  • Заеднички перформанс
  • Доделување награди

Во присуство на Градоначалничката на Скопје, Амбасадорот на Франција, Н.Е. г, Кристоф ле Риголер, г-ѓа Јадранка Чаушевска-Димов, поранешна Амбасадорка во Франција, и учеството на 3 франкофонски билингвални паралаелки од Скопје.