Француското високо образование нуди голема разноликост на студиски програми кои одговараат на модерната економска реалност.
Трошоците за школарина на француските државни високообразовни институции се ниски, бидејќи државата покрива еден дел од трошоците за студии на државните универзитети. Француските високообразовни институции се отворени за сите странски студенти кои сакаат да го продолжат своето образование во Франција. За да бидат примени, потребно е да имаат солидна кандидатура и добро да го познаваат францускиот јазик. Голем број на француски универзитети нудат програми на англиски јазик, особено за постдипломски студии (Мастер).
Странските студенти добиваат иста диплома и ги користат истите услуги коишто ги нуди француската држава (рефундирање на дел од трошокот за сместување, попуст во превозот, поволен пристап до културни и спортски активности) како и француските студенти.
Постојат три вида на високообразовни институции:
- Универзитети
- Високи школи
- Специјализирани школи и институти