Стипендии

Се работи за едногодишни стипендии за студирање (9 месеци), наменети за студенти на ниво Мастер или Докторат.

 

Кандидати кои можат да се пријават за оваа програма на стипендии треба да бидат мотивирани, да имаат солиден успех во претходните студии и да имаат избрано домен на студии кој се смета за приоритетен за развој на земјата. 

 

Предност се дава на студиите на француски јазик  и потребно е солидно ниво на познавање на францускиот јазик. Сепак, како исклучителен случај можат да бидат разгледани барања за специфични програми на англиски јазик (на високите школи, специјализираните школи за технички науки итн), на студенти кои имаат високи академски достигнувања и ќе покажат издржаност и оправданост на својот проект за студии во Франција и професионална кариера. 

 

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, за студентското здравствено осигурување и за останатите животни трошоци.

 

Конкурсот се објавува на крајот на февруари / почетокот на март секоја година, а крајниот рок за доставување на барањето за стипендија е средината на месец мај.

 

 

Други програми за стипендии кои ви стојат на располагање:

 

Стипендии Ајфел

За нивоа Мастер и Докторат во домените: право и политички науки, економија и менаџмент, технички науки. Барањата за овие стипендии ги поднесува самата француска високообразовна институција.
Повеќе информации на веб страната: https://www.campusfrance.org/fr/le-programme-de-bourses-d-excellence-eiffel

 

Европски програми за стипендии

Програмата Еразмус + нуди стипендии за студии или пракса од 3 до 12 месеци.
http://ec.europa.eu/education/lifelong-learning-programme/erasmus_fr.htm

За повеќе информации околу размената на студенти во рамкитре на  Еразмус +, контактирајте го координаторот на оваа програма ви рамките на вашиот универзитет, како и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност : http://www.na.org.mk/index.php/mk/.

Програмата Еразмус Мундус во рамките на програмата Еразмус+ за нивоата Мастер и Докторат ја изготвуваат најмалку три високообразовни институции од различни земји. Наставата е организирана така да се следи на најмалку два универзитети, а студентите добиваат двојна, заедничка или диплома од повеќе универзитети.
https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/news/erasmus-mundus-catalogue-expanding-degrees_fr

 

Бројни француски и меѓународни организации нудат различни можности за стипендии.

Пребарувачот CampusBourses го олеснува пристапот до информации за можностите за финансирање на студиите:
http://campusbourses.campusfrance.org/fria/bourse/#/catalog