Espace Campus France во Скопје

Кампус Франс е државна институција задолжена за промоција на француското високо образование во странство, како и за прием на странски студенти и научни работници во Франција.Истиот ја поттикнува меѓународната мобилност, ги раководи програмите за стипендија и ја анимира мрежата на поранешни  и сегашни студенти во Франција (Alumni).

 

225 канцеларии на Кампус Франс се отворени во 124 земји во светот и претставуваат главно место за информации за студии во Франција. Одделот на Кампус Франс во Скопје е отворен во февруари 2001 година и претставува место каде што студентите може да ги добијат сите неопходни информации. Истиот се наоѓа во Францускиот институт во Скопје.

 

 

Неговата главна задача е да ги придружува идните студенти во нивните планови за студии во Франција и да им помогне :

– да ја пронајдат посакуваната студиска програма

– да ги подготват документите за запишување 

– да им дадат одговори на практичните прашања, како и информации за студентскиот живот во Франција

– да ги информираат за програмите за стипендии

 

За да го промовира француското високо образование и за да ги презентира можностите за студирањето во Франција, одделот на Кампус Франс секоја година организира Саем на студии во Франција, и информативни предавања во средните училишта и на универзитетите како во Скопје, така и во другите градови во земјата.

 

Мисијата на одделот Кампус Франс не се ограничува единствено на промоција на студиите во Франција, туку истиот работи на развивање на мрежата на поранешни и сегашни студенти во Франција (Alumni), придонесува во развојот на универзитетска соработка помеѓу француските и македонските универзитети и работи на програмите за стипендии.

 

Прием на публика : од понеделник до петок, од 11:00 до 13:00 часот и/или со закажан термин.