Професори по француски јазик и по други предмети што се предаваат на француски, ефикасни и мотивирани, тоа е реалност!
Учењето на јазикот е засновано на добра почетна обука на професорите, како и на соодветна континуирана обука, чијашто цел е да се интегрираат новите наставни методи и најсовремените технолошки алатки.Предавањето на еден јазик треба да ја одразува јазичната и културната реалност на неговата земја, во нашиот случај тоа е францускиот јазик и Франција.
За таа цел, Францускиот институт во Скопје развива три главни програми:
- Семинари за обука организирани од Францускиот институт во Париз, во Париз, со Меѓународниот центар за педагошки студии CIEP, или во регионот, со локалните француски институти
- Летниот универзитет во Струга, наменет за сите професорите по француски јазик и професорите коишто предаваат предмети на француски јазик во Македонија, има регионална димензија бидејќи учествуваат и професори од соседните земји.
Овој значаен напор ја отсликува грижата на Францускиот институт во Скопје за тоа наставата по француски јазик да биде корисна, тесно поврзана со личните и професионални потреби на учениците и студентите, на актуелни теми, со изразни и комуникативни средства и размени коишто ги користат македонските млади слушатели: музика, филм, списанија, интернет, информатика, … Ова е можно благодарение на ангажманот на голем број професори вработени во училиштата и на универзитетите.
За сите образовни и јазични прашања, Францускиот институт во Скопје работи во редовна координација со Министерството за образование и наука, Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија APFRM, Франкофонскиот круг на Македонија , како и со здруженија за француско и франкофонско пријателство.