Француски во основното и средно образование

Француски јазик од нижите одделенија во основно образование до завршните класови во средното образование, да, можно е!

 

Изучувањето на еден јазик во образованието се реализира низ континуирана настава од нижите одделенија, па сè до високото образование. Францускиот институт во Скопје инсистира на таа логика, како кај македонските образовни институции, така и пред надлежните лица.

 

На тој начин, во неколку основни училишта1  со наша поддршка, се одвива програма за сензибилизација кон францускиот јазик; наставничките вклучени во проектот го воведуваат постепено францускиот јазик по одредени предмети (ликовно образование, математика, музичко образование, запознавање на природата и општеството и физичко воспитување).

 

Откако ќе завршат петто одделение, учениците може да се пријават за полагање на испитот Delf Prim.

 

Клучната етапа е на почетокот на вишите одделенија (шесто одделение) со изборот на вториот странски јазик, при што англискиот е задолжителен прв странски јазик. На учениците треба да им се даде еднаква можност да го изберат францускиот јазик, како што може да одберат и други јазици, според европските препораки, а сè со цел да се обезбеди јазична разновидност. И заложбата на Францускиот институт во Скопје оди во таа насока. Францускиот јазик е на второ место како втор странски јазик, особено во основното образование.

 

Средното училиште нуди можност за понатамошно продлабочување на изучувањето на јазикот, особено преку проектот кој опфаќа осум билингвални франкофонски паралелки, од кои седум функционираат во општи средни училишта2 , а една во средно стручно училиште3. Учениците запишани во овие паралелки не само што имаат дополнителни часови по француски јазик, туку изучуваат и најмалку два предмета коишто се предаваат на француски јазик (DNL). Тие може да го валидираат своето специфично образование со полагање на завршниот тест за билингвално образование. Акцентот е ставен на мобилноста на младите, а Францускиот институт во Скопје редовно ги поддржува училишните размени што овие македонски училишта ги прават со училишта од Франција. 

 

Покрај тоа, Францускиот институт во Скопје организира или помага во организирањето на натпревари или настани со цел да се промовира францускиот јазик, Франција и Франкофонијата. На тој начин, Францускиот институт се придружува кон напорите на наставниците и на учениците коишто се креатори на тие манифестации, со поддршка на директорите.

 

1

  • Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Битола
  • Основно училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово
  • Основно училиште „Гоце Делчев“ во Неготино
  • Основно училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје

2

  • СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола
  • СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово
  • СОУ Гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино
  • СУГС Гимназии „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје
  • СОУ Гимназија „ Гоце Делчев “ во Валандово
  • СОУ Гимназија „ Јосиф Јосифовски “ во Гевгелија

3

  • СУГС „ Лазар Танев “ во Скопје