Што е TCF

За испитите ТЦФ и ТЕФ, уписи се вршат секој месец од 1 до 20-ти тековниот месец, а полагањето на испитот е следниот месец од 20 до 30-ти (од октомври до јуни).

 

Постои во три верзии:

ТЦФ општ – ги евалуира познавањата од францускиот јазик за лични, универзитетски или професионални причини.

ТЦФ за Квебек – го евалуира нивото на француски јазик во рамките на процедурата за имиграција во Канцеларијата за имиграција на Квебек.

ТЦФ за француско државјанство – го евалуира нивото на француски јазик во рамките на барањето за стекнување на француско државјанство.

 

Секоја верзија на ТЦФ е составена од различни испити, задолжителни или факултативни, со можност за комбинирање на испитите.

 

Задолжителни испити
Писмено разбирање: 29 прашања, 45 мин.
Лексика и структура: 18 прашања, 15 мин.
Усно разбирање: 29 прашања, 25 мин.

 

Факултативни испити
Усно изразување: 12 мин.
Писмено изразување: 60 мин.

 

За повеќе информации за испитите, посетете ја интернет страната https://www.france-education-international.fr/

Tcf So 1 768x480 1