Културна агенда на Францускиот институт во Скопје
Јануари – февруари 2026
Францускиот институт во Скопје нуди разновидна програма на културни настани, истакнувајќи ја разновидноста на француската уметност и нејзиниот „дијалог“ со македонската култура.
Преку изложби, концерти, танцови претстави и книжевни средби, овие врски ја искажуваат креативноста во нејзините многубројни форми.
Овие два месеца се особено динамични, со учество на меѓународни уметници, интересни средби и интерактивни искуства за младите генерации.
Фото-изложба и филмска проекција
Четврток 22 jaнуари 2026 | 19h00 | Сули ан
„Старата скопска чаршија : визии за иднината“
Изложба на фотографии на студентите создадени за време на работилницата со фотографот Хајнрих Холтгреве &
проекција на документарниот филм реализиран од Леонор Мерсје и студентите од Факултетот за драмски уметности.

Средби и работилници во рамките на проектот „7 дена, 1 филм”
Од 27 до 29 јануари | МКЦ
Францускиот институт во Скопје организира серија професионални средби и работилници посветени на филмското творештво, во рамките на проектот „7 дена, 1 филм” со францускиот продуцент Паскал Жиделевиц.
*Присуството е со покана

Teатарска претстава
„Носорози” од Ежен Јонеско
Четврток, 12 февруари 2026 | 20:00 | Албански театар во Скопје
Изведба на Албанскиот театар во Скопје, во режија на Васил Василев (Бугарија).
Поддржана од Францускиот институт во Скопје како дел од франкофонскиот репертоар.
Претставата ќе се игра на албански јазик, со превод на француски и македонски јазик.

Предавање на историчарот Бернар Лори
Четврток 5 февруари 2026 | 19:00 | Europe House
„Историјата на Ромите на Балканот од Средниот век до Првата светска војна”

Прво издание на „Кино средби” во Кинотеката
Четврток 19 февруари 2026 | Кинотека
Единствена можност за сите вљубеници во филмот : да погледант француски ремек-дела на големото платно и да се збогатат со нови знаења за седмата уметност!

Ноќ на идеите 2026
Среда, 25 февруари 2026 | Фоаје на Економскиот факултет
Медиуми и социјални мрежи: повторно да се изгради довербата
Социјалните мрежи играат клучна улога во ширењето на информациите меѓу младите, но исто така претставуваат и вектор на дезинформации! Дебата на идеи со XXXX.

Работилници за колаж & Изложба со Skopje Collage Collective
Петок, 27 февруари 2026 | Францускиот институт во Скопје
„Употреби старо и создади ново од архивата постери на Францускиот институт!”: Филипа Сара Попова и Марко Трпески, основачи на Skopje Collage Collective, ќе ве водат во создавањето на оригинални колажи.
Делата создадени на работилницата ќе бидат изложени во излогот на Институтот.

Повеќе информации на 🔗
Часови по француски јазик 2026
Пролетна сесија 2026 : Нови генерации, нов јазик, нови можности!
– Уписи: од 20 до 30 јануари 2026
– Нивоа : од А1 до Ц1
– Цена по лице: 6000 (школски и возрасни групи) и 4050 ден. (детски групи) .

Меѓународни дипломи за познавање на француски јазик DELF / DALF
Февруарска сесија 2026 :
Уписи : од 8 до 16 јануари 2026
Донесете вистинска одлука и стекнете се со меѓународно призната диплома за вашето познавање на францускиот јазик.
Пред-уписот за октомвриската сесија се врши на интерактивниот формулар: кликни тука
Уписот се потврдува со уплата за истиот, која се врши лично во Францускиот институт во Скопје
- Важно : Формуларот се пополнува и е важечки само во назначените уписни рокови за дадената сесија.

Испитите се одржуваат на:
A1J/T–16/02/2026
A2J/T–17/02/2026
B1J/T–18/02/2026
B2J/T–19/02/2026
C1etC2–20/02/2026


