Право
Часовите по правен француски јазик имаат за цел стекнување на лексика и фразеологија во областа на правото на француски јазик и се однесуваат на студенти или професионалци кои имаат основно ниво на француски.
Бизнис
Овие часови ви овозможуваат развивање на клучните способности вопрофесионалната комуникација на француски: комуницирање со клиенти, учество насостаноци, земање белешки, презентирање проект, итн.
Туризам и хотелиерство
Со овие часови ги развивате потребните вештини за олеснување на контактот со франкофонска клиентела. Целта е користење на францускиот јазик во различни ситуации при преговарање и организација.
Мода
Францускиот јазик е во мода! Модата е на француски јазик!Преку овие часови го откривате специфичниот вокабулар во областа на модата,стилизмот и моделизмот со цел полесно комуницирање во светот на модата.
Дипломатија, меѓународни и европски односи
Работите во институција поврзана со Европската Унија или сте студент по политички науки, меѓународни и европски односи? Овие часови ќе ви понудат алатки за подобро разбирање на меѓународната и европска актуелност.
Подготовка за полагање на испити
Часовите за подготовка на полагање на официјалните испити ДЕЛФ/ДАЛФ, ТЦФ и ТЕФ, оддржувани од овластени професори, ве подготвуваат подобро и полесно да ги положите овие испити.