Медијатека

Медијатека

 

 

Медијатеката на Францускиот институт во Скопје за првпат е отворена во 1974 год. и реновирана во 2013 год. Со простор од 260 квадратни метри во центарот на Скопје, таа денес е место на посетители од најразлична возраст: деца, младинци и возрасни.

 

Медијатеката, која што се наоѓа на два ката, вклучува еден простор во приземје и друг на мезанинот со беплатен пристап до интернет за своите членови и корисници. Медијатеката на Францускиот институт во Скопје има за цел збогатување, вреднување и редовно обновување на ресурсите од француско и франкофонско продрачје.

 

Нашата понуда редовно се збогатува со новитети во согласност со потребите и барањата на посетителите:  најнови современи романи, филмови, најактуелните методи и алатки за изучување на францускиот јазик, книги на лесен француски јазик…

 

Во моментов, таа располага со повеќе од 10 000 наслови во најразличен формат:

 

• Книги (романи и други книжевни дела, поезија, театар, педагогија и лингвистика, уметност, општествени и технички науки, преводи на дела од француски автори на македонски и албански јазик, географија, историја, туризам, мода, гастрономија, филозофија, речници и енциклопедиии, стрипови, сликовници и книги за деца…)



Тематски колекции 

 

Францус467114771 2303957296709576 4037041158040737050 Nкиот институт им става на располгање на училиштата и на професорите по француски јазик колекции на француски книги наменети за млади од различни области: приказни, стрипови, класици, романи, филозофија за млади, екологија, оддржив развој…

 

Целта на оваа иницијатива е да се поттикне интересот на учениците за францускиот јазик и за читање, да се збогати програмата за настава по француски јазик како и да им се помогне на учениците во откривање на новите знаења за светот околу нив.

 

Секоја колекција е составена од квалитетни илустрирани книги и педагошки материјали наменети за професори по француски јазик.

 

Листата на достапни наслови од овие колекции е достапна ТУКА

 

За да позајмите некоја од колекците на книги пишете ни на следниот мејл: mediatheque@ifs.mk

 


Катче за деца и млади

 

Медијатеката на Францускиот институт во Скопје ви нуди пријатен простор реновиран во 2022 година посветен на деца и млади во којшто можете удобно да се сместите и да разгледувате и читате книги и сликовници за деца, приказни, стрипови, романи за тинејџери, како и списанија за деца и млади.

 

 

Литература за изучување на францускиот јазик

 

Во рамките на катчето за деца и млади издвојуваме полица со книги за изучување на францускиот јазик. Тука се наоѓаат прирачници за изучување на францускиот јазик, книги на лесен француски јазик класифицирани согласно европската рамка за јазичните нивоа од A1 до B2, како и други дополнителни содржини за учење и предавање на францускиот како странски јазик: вежбанки со граматички вежби, збогатување на фондот на збороовите и вежби за подобар изговор.

 


Нашиот тим е секогаш на ваше располагање за да ви даде совет за избор на наслови од медијатеката и да ви ги даде потребните информации.

  • За секое дополнително прашање, пишете ни на

📧 mediatheque@ifs.mk или јавете се на телефонските броеви :

☎️(+389) 2 3 116 734

☎️(+389) 2 3 118 503

 

 

Работно време

Работно време

Од понеделник до петок

од 11 ч. до 18 ч.

и во работните саботи

од 10 ч. до 13 ч.