
06 Мај Викенд на француски филм низ повеќе градови во Северна Македонија | 25 – 27.05.2023
Од четврток 25 до сабота 27 мај 202
Викенд на француски филм низ повеќе градови во Северна Македонија
За крај на учебната година, професорите по француски јазик заедно со нивните ученици, во период од 25 до 27 мај, во неколку градови низ државата, ви предлагаат француски филмски викенд проекции на три филма за млади, дел од колекцијата на Францускиот институт во Скопје.
–
КРИВА ПАЛАНКА | Четврток 25.05.2023 , 19:00, Центар за култура
КАВАДАРЦИ | Петок 26.05.2023, 11:00, ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“
–
„ДАМЈЕН САКА ДА ГО СМЕНИ СВЕТОТ“
од Гзавие де Шоуденс (2019), со Франк Гастамбид, Мелиса Созен, Гренж
Дамјен и сестра му Мелани имале среќно детство и родители кои умееле да се изборат за нивните права. Кога мајка им одеднаш ќе почине, семејството го губи својот активистички дух. Дваесет години подоцна, Дамјен работи како педагошки асистент во едно основно училиште и води миран живот. За да ги спаси еден од неговите ученици, Базад, и неговата мајка од протерување од земјата, Дамјен се враќа кон корените и ги убедува сестра му Мелани, која работи како позната адвокатка, најдобриот другар Руди и неколку другари да му помогнат во неговата борба. Заедно, тие ќе го прекршат законот поради солидарност.
КРИВА ПАЛАНКА | Петок 26.05.2023, 19:00, Maison de l’Europe
КАВАДАРЦИ | Сабота 27.05.2023, 11:00, ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“
–
„ШТО ВЕЛИМЕ, ШТО ПРАВИМЕ“
на Емануел Муре (Франција, 2020), со Камелија Жордан и Нилс Шнајдер
Дафне е во третиот месец од бременоста и одморот го минува на село со нејзниот партнер Франсоа. Поради работни обврски, тој треба да замине, а таа сама ќе го пречека Максим, братучедот на Франсоа којшто дотогаш го нема запознато. Во текот на наредните четири дена, додека го чекаат Франсоа да се врати, Дафне и Максим полека се запознаваат и споделуваат емотивни љубовни случки од сегашноста и од минатото…
КАВАДАРЦИ | Четврток 25.05.2023, 11:00, ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“
„АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ“
на Каролин Вињал (2020), со Лор Калами, Бенжамен Лаверн, Оливија Кот
Со месеци Антоанета го чека летото поради ветувањето за една недела одмор со нејзиниот љубовник Владимир. Но, кога тој го ќе го откаже одморот за да замине на Севените со жена му и со ќерка му, Антоанета не се мисли: и таа заминува по него! Кога ќе стигне таму, нема никого, освен магарето Патрик, кое ќе и’ се придружи во текот на ова оригинална авантура.