
08 Мај Гала француска филмска вечер „Ноќта на 12-ти“ | 31.05.2023
Гала филмска вечер
„НОЌТА НА 12-ТИ““
Среда 31 мај 2023, 20:00 | Кино Милениум
–
Со поддршка на аптеките Зегин, винаријата Тиквеш и Младинскиот културен центар.
–
Ве молиме да резервирате бесплатни билети во Францускиот институт во Скопје на следната мејл адреса: : culture@ifs.mk
Едно лице може да резревира 3 бесплатни билети.
–
Францускиот институт во Скопје организира уште една гала француска филмска вечер со најдобриот француски филм на годината, добитник на 6 Цезари, кои му доделени во февруари оваа година , меѓу кои се и наградите за најдобар филм и за најдобар режисер.
–
Пред самиот почеток на проекцијата, ќе се емитува видео порака наменета за скопската публика од страна на режисерот Доминик Мол.
–
Француските медиуми за филмот:
Проекцијата на „Ноќта на 12-ти“ на Канскиот филмски фестивал 2022 ќе остане како дата за паметење. (Cinéma Teaser)
Повеќе од трогателен, филмот е моќен и вознамирувачки. (Elle)
Филм на годината. (Le Figaro)
Прецизно напишан, филмот „Ноќта на 12-ти“ е напнат трилер во кој се вкусува горчливоста на прашањата врзани за насилствата врз жените. (Télé Loisirs)
–
–
НОЌТА НА 12-ТИ
на Доминик Мол, со Бастиен Бујон, Були Ланерс, Тео Шолби (2022, 1ч54)
Во одделот за криминални истраги, секој детектив барем еднаш во својата кариера се соочува со истрага која е невозможно да ја разреши и таа го прогонува . За Јоан, тоа е убиството на Клара. Полициските сослушувања се зголемуваат, воедно и бројот на осомничени, но Јохан постојано е изјадуван од сомнеж. Постои само едно во кое е сигурен: убиството се случило ноќта на 12-ти.