Гала филмска вечер „Животни” | 27.10.2023

Pozadina_As_Bestas

Гала филмска вечер „Животни” | 27.10.2023

Гала филмска вечер „Животни”

Петок 28 октомври 2023, 20 :00 | Кино Милениум

Француско-шпанска копродукција на режисерот Родриго Сорогојен (2022, 2h17), со Марина Фоис, Дени Меноше и Луј Заера

Со поддршка на аптеките Зегин

Ве молиме да резервирате бесплатни билети во Францускиот институт во Скопје на следната мејл адреса: : culture@ifs.mk

Едно лице може да резревира 3 бесплатни билети.

Францускиот институт во Скопје ви ја претставува третата гала филмска вечер со филмско остварување кое е дело на шпанско-француска копродукција и инзвонредниот режисер Родриго Сорогојен.

Трилер во кој игра инзвонредна филмска екипа , во чии главни улоги се Марина Фоа и Дени Минпоше.

Филмот е добитник на повеќе награди, а беше прикажан и во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2022.

Антоан и Олга, француски пар, долго време живеат во едно малото селце Галис. Поседуваат фарма и се занимаваат со реставрација на напштени куќи за да ја потпомогнат повторното населување. Се ќе беше идилично да не избиеше сериозен конфликт со нивните соседи, кој ќе ја однесе ситуацијата во неповрат.