
12 Мај Месец на француската гастрономија: „Авантурите на Марк“ на тема француска кујна | 21.05.2023
Недела 21 мај 2023, 14h40 | ТВ Телма
Епизода од емисијата „Авантурите на Марк“ посветена на француската кујна
Најпознатиот франкофонски готвач во Македонија, Марк де Јонг, посветува една емизија на француската гастрономија.
Во оваа малку поинаква епизода, Марк оди во француската резиденција, каде што организира работилница со средното угостителско училиште „Лазар Танев“ и учениците од стручната гимназија „Ле порт де Шартрез“ (« Les Portes de Chartreuse ») од Вореп (Гренобл), кои, пак, ќе им покажат на домаќините како се подготвуваат багети и други француски печива.
Не пропуштајте !
