Месец на француската култура во Битола: Француска вечер на фестивалот „Браќа Манаки“ со „Анатомија на падот“ | 28.09.2023

ANATOMIE_D_UNE_CHUTE-2

Месец на француската култура во Битола: Француска вечер на фестивалот „Браќа Манаки“ со „Анатомија на падот“ | 28.09.2023

Четврток 28 септември 2023, 21:15 | Центар за култура во Битола

Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”

Француска филмска вечер со проекција на филмот „Анатомија на падот”

на Жистин Трие (2023, 2ч30) ,

играат Сандра Хилер, Свон Арло и Мило Мачадо Гранер, добитник на Златна палма на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” за првпат организира француска филмска вечер, поддржана од Францускиот институт во Скопје.

На програмата е премиерата на филмот „Анатомија на падот” на Жистин Тире, добитник на Златна палма на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Сандра, Самуел и Даниел, нивниот 11-годишен син со оштетен вид, веќе една година живеат во планините далеку од сè. Еден ден, Самуел е пронајден мртов непосредно пред нивната куќа. Отворена е истрагата за сомнителна смрт. Сандра ќе биде обвинета и покрај сомнежот дали се работи за самоубиство или за убиство. Една година подоцна, Даниел присуствува на судењето на мајка му, коешто е едно длабоко разголување на брачниот живот…

Средба во рамките на француската вечер со г-ѓа Каролин Шампетје, директорка на фотографија и режисерка.

Г-ѓа Шампетје има работено со најпознатите француски режисери како што се : Жан-Лик Годар, Беноа Жако, Лео Каракс , Гзавие Бовуа и многу други. Во 2011 година таа е е добитничка на наградата Цезар за филмот на Жавје Бовуа „Луѓе и богови”.