Месец на француската култура : « Happy manif (Паралелни стапала) » | 21.10.2023

POZADINA_HAPPYMANIF

Месец на француската култура : « Happy manif (Паралелни стапала) » | 21.10.2023

Сабота 21 октомври 2023, 13:00 и 15:00 | Парк Саат-кула во Битола

Танцова изведба во рамките на проектот „Учиме и содаваме поинаку“

Среќна претстава (Паралелни стапала)

● Регионалниот проект „Учиме и содаваме поинаку“, поддржан од Министерството за надворешни работи, нуди иновативен пристап кон изучувањето на францускиот јазик на забавен и креативен начин, како и модернизација на сликата за Франција меѓу младите луѓе.

Проектот ќе се одржи во три дела во различни уметнички домени (театар, танц, осмислување кореографија) и во две земји, Северна Македонија и Косово.

Центарот за културна деконтаминација и Француската алијанса во Битола, партнери на проектот, се воедно и домаќини на првиот дел од проектот на темата танц, придружен со доаѓањето на кореографот Давид Ролан.  

Ролан ќе биде во посета на Битола од 16 до 21 октомври 2023 година. Тој ќе ја одржи обука за наставниците по француски јазик како и работилници за учениците. Исто така, Ролан заедно со десетина ученици, ќе одвои време и за уметничко творештво.

● Учесниците ќе бидат дел и од затворањето на првата дел од овој проект со радосна кореографска прошетка во паркот Саат-кула , насловена « Happy manif (Les pieds parallèles) »

● Давид Роланд студира современ, џез и класичен танц. По стекнувањето со диплома за професор по танц, работел како изведувач со кореографи како Одил Дубок и Беатрис Масин. Во 1999 година, ја заедно со Ангела Фањано, танчерка и кореограф, ја создава танчерската трупа Ипсо факто. Од 2004 година, ја развива својата соло-кариера под името Давид Ролан Кореографии.

● „Среќна претстава“ („Паралелни стапала“) е кореографска прошетка во која секој учесник има своја улога. Слушаат музика, создадена од Давид Ролан, која во времетраење од еден час им дава насоки за движење и дејство…

HAPPY MANIF