
06 Авг Месец на француската култура во Битола : изложба „Париски рефлексии | 12.10.2023
Четврток 12 октомври 2023, 19:00 | Офицерски дом во Битола
Изложба „Париски рефлексии“
Во чест на празникот на Франкофонијата во месец март 2022 година, Националната галерија на Р.С Македонија, во соработка со Францускиот институт во Скопје, реализираа изложба од педесетина дела на сликарските великани како што се: Димитар Пандилов Аврамовски, Лена Стефановска, Томо Владимирски, Борко Лазески, Никола Мариноски и Лазар Личеноски.
Престојот во Париз и инспирацијата на француската школа се одразуваат во делата на сликарските доајени кои се дел од македонското наследство.
Избор од триесет дела од оваа изложба ќе бидат претставени за првпат во Офицерскиот дом во Битола.
Дојдете и погледнете ја разновидноста на македонското сликарство !
