Маја Аргакијева, фотограф и авторка на изложбата „Жените и спортот“

FEMMES_ET_SPORT_POZADINA

Маја Аргакијева, фотограф и авторка на изложбата „Жените и спортот“

МАЈА АРГАКИЈЕВА работи како професионален фотограф од 2010 година наваму.

Нејзиното богато уметничко искуство започнува како портрет фотограф во сопствено студио, преку фотограф во текот на снимањето на неколку македонски филмови и серии, меѓу кои „Business Of Pleasure“ на режисерот Гоце Цветановски, „Кајмак“ на Милчо Манчевски, ТВ серијата „Преспав“, сè до официјален фотограф за неколку домашни и странски институции од областа на културата и пошироко.

Избор на фотографии на Маја Аргакијева се наоѓаат и во книгата „Дванаесет македонски фотограф(к)и“ на издавачката куќа „Темплум“.

Има учествувано во колективни изложби, а дел од нив се: „Македонски куп во фотографија“, „Фотомедија 2010, 2014, 2016“,  фотографска изложба на фестивалот „Скопско лето“ во 2011 година, „Фото фокус 2010 година“, „Денови на македонската фотографија“ и многу други.

Има одржано и самостојни изложби, меѓу кои „Портретна симфонија“ во Македонската филхармонија и во Нирнберг, Германија, како дел од 40-годишната соработка помеѓу збратимените градови Скопје и Нирнберг.

Има добиено повеќе награди, меѓу кои 1-ва награда за поединечна фотографија на „Фотомедија 2016“, 1-ва награда за поединечна фотографија на „44-ти денови на македонската фотографија“, 1-ва награда за колекција на „20-от Меѓународен фотосалон Куманово“ и многу други.